Со венче „bride“, торта и многу балони, Елеонора Миљковиќ, која учествуваше во реалното шоу Задруга, со пријателките во секси фустан се забавуваше на својата моминска забава.
„Добредојде Марга во нашата банда... Марга случајно ја видов пред 2 месеци... На шега кажав да го купам магарето додека поминував низ пат, мислеа за месо ми е затоа што Марга криви, и е старичка можеби накај 20 години...“, раскажува Марија Дуда.
Eдно од нашите најубави ТВ лица, Билјана Дебарлиева години наназад е во среќен брак, а сега славеше годишнина со сопругот на романтична вечера, Огнен Здравковски се дружеше со Аца Лукас, а Лила стави крај на една тешка година и започна нова и поубава со прославување на 51-иот роденден.
„Мојот Тодор најсакан, 15 години како нашите 15 часови муабет... Ми фалиш буце“ – актерката Весна Петрушевска сподели емотивен статус на социјалните мрежи по повод 15-годишнината од смртта на нашиот непреболен Тоше Проески.
„Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден“ – напиша меѓу другото водителката Лила Филиповска до фотографиите од прославата на нејзиниот 51-ви роденден.
И по 15 години од смртта на Тоше, ликот и неговото дело се вечни. Сите нови генерации знаат за Тоше, ги знаат неговите песни, а за сето тоа се заслужни оние кои го почитуваат неговото...
„Баба ми Верка... Жената која врзуваше домати со износени хулахопки, правеше ќилимчиња и чанти од пластични ќеси, беше скоро самоодржлива копајќи бавче од среде град. Жената која нема завршено ниту средно образование, но знае да најде чаре за сè што многумина го сметаат како отпад...“, споделува Кате од Скопје, девојка која сака да ја заштити природата и во Македонија да ги донесе промените од светот.
Поради економската и енергетската криза и големите трошоци, Македонија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија 2023, коj треба да се одржи во мај во Ливерпул,Велика Британија.
„Магија, и тоа обично е од блиски, кои ви доаѓаат дома. Или е од завист и љубомора кон вас...“, гласи еден од коментарите, а другите се шеговити од типот: „Стави го на Пазар3 или како ручни рад и стави му добра цена...“ и „Сеа у баба ми треба да сумњам брееееј.“
„Мене веќе не ме воодушевува ништо материјално, ништо што може да се купи со пари. Потребно е да, но не и доволно. Среќата и љубовта од најблиските е тоа што ме воодушевува. Кога си на хемотерапија, деновите кога се чувствуваш добро се најубави“ – вели нашата докторка Марија Бунда Калпак која веќе една година се бори со рак на дојка, а по повод месецот за подигнување на свесноста за рак на дојка упати моќна порака до сите девојки и жени.
„Докторе, не ти личи… Докторе, зошто таков спорт, зошто мора јавно, што ќе речат луѓето, бла, бла, бла… Значи на секого му личи сѐ, ако сум доктор, не значи дека не треба да имам хоби, не значи дека не смеам да имам развиена мускулатура“, вели доктор Александар Стојменов.
Со црно-златно пано и декорации за пречек на гостите, впечатлива торта и во црн фустан со висок шлиц, Елена „Живот со стил“ го изненади сопругот. „Фала на судбината што нè спои во сегашното НИЕ, затоа што НИЕ ми е најважниот животен пат...“, напиша таа за саканиот Бојан.
Со играње дури и на столчиња во еден миг, дување свеќички и многу, многу пријатели околу себе, Миа Костова го прослави роденденот. Еден ден потоа Тијана ја објави најемотивната фотка од прославата...
Ана Стојановска е на патување во Берлин, Васил Гарванлиев на настан во Колорадо се појави во специфично модно издание со здолниште со шлиц и партнерот до него, Кристина Димитри е во црвено латекс издание - едно од најсмелите досега, а доктор Митов ужива во плодовите од својата градина.
Што мислите кои места од Македонија ѝ го освоија срцето на Ајше од Турција? Што им нуди нашата држава на туристите?
„Мама, поим за борбеност. Најсреќен роденден, фала што си моја најголема поддршка. Никогаш нема да можам да ти се оддолжам за сè што правиш за мене...“, гласи дел од објавата на Антониа Гиговска со фотка од младоста на мајка ѝ.
„Четвртокот пред свадба се печат зелници, благо лепче, се китат венците и обавезно сукалката да е обложена со црвено и бело цвеќе за здрави и среќни дечиња!“ – инфлуенсерката Стефанија Несторовска објавува видеа од обичаите пред свадба.
Додека се возеле со автомобилот пејачката Мартија Станојковиќ и нејзината мајка налетале на картонот со порака од Бомбакис – изразија поддршка на симболичен начин.