„Кога првпат го видов, зрачеше таква енергија, што не можам да опишам“: Членовите на Камерен Оркестар на Битола споделуваат приказни за Тоше Проески

И по 15 години од смртта на Тоше, ликот и неговото дело се вечни. Сите нови генерации знаат за Тоше, ги знаат неговите песни, а за сето тоа се заслужни оние кои го почитуваат неговото дело и се трудат неговите песни да ги слушнат што повеќе луѓе.

koga-prvpat-go-vidov-zracheshe-takva-energija-shto-ne-mozham-da-opisham-chlenovite-na-kameren-orkestar-na-bitola-spodeluva-prikazni-so-toshe-proeski-01.jpg

Едни од нив се и Камерниот Оркестар на Битола - ⋮IWConnect, кои покрај традиционалниот концерт Засекогаш во срцата кој се одржува секоја година во чест на Тоше Проески, се обидуваат во секоја прилика да го слават неговиот лик и дело.

Засекогаш во срцата е концерт кој е организиран од Центар за Култура - Битола и по иницијатива на Маја Андоновска Илијевски, а е целосно поддржан од Камерен Оркестар на Битола - ⋮IWConnect.

Диригентот на Камерниот Оркестар на Битола, Владимир Димовски вели:

„И покрај тоа што јас следам друг жанр на музика, Тоше за мене беше и ќе остане личност која беше врвно квалитетна не само како пејач туку, и како личност, и постигна огромен успех, успех кој ретко кој би го постигнал за толку кратко време.

Поради почитта која јас и моите колеги од Камерниот Оркестар ја имаме кон него, едногласно одлучивме да ја поддржиме иницијативата на Маја Андоновска Илијевски и да потпомогнеме неговиот лик и дело да продолжат да траат и во иднина“.

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-05.jpg

На 5 октомври оваа година во Крушево се случи концерт во чест на Тоше - Со љубов за Тоше, со кој се одбележа 15-годишнината од неговиот последен концерт.

Концертот беше организиран од Спомен Куќа на Тоше Проески и Министерство за култура, а на него големиот број пријатели на Тоше, како Каролина Гочева, Јелена Томашевиќ, Дани Димитровска, Бојан Маровиќ, Ѓоко Таневски, Бени Шаќири, Мартинијан Кириловски, Билјана Јосифов, Омар Џафероски, Влатко Груевски и Јоце Панов, настапија во придружба на бендот на Тоше и Камерниот Оркестар на Битола - ⋮IWConnect.

Дел од членовите на Камерниот Оркестар кои беа присутни таа вечер споделија како е да се свири на концерти посветени за Тоше, а дел од нив го познавале Тоше и споделија искуства со него. 

Валентин Наумов (концерт мајстор) и Никола Трајановски (виола) имале чест да бидат дел од концертот на Тоше во Риека и двајцата споделуваат исто искуство, односно генералните проби за Тоше биле како вистински концерт.

Кога сите биле спремни за генерална проба, Тоше пристигнал директно од пат, испеал една песна со цела можна енергија како да пее пред полн стадион публика и заминал да одмори. 

Покрај тоа, Валентин додава, енергијата на Тоше се чувствуваше уште при првото запознавање со него: „Досега немам сретнато човек со енергија како Тоше. За неговите гласовни способности не морам воопшто да кажувам, неговиот глас беше како виолина, со секоја проба и настап беше само подобар.

Лично за мене, Тоше е на исто ниво со Freddie Mercury и Тоm Јоnes, со тоа што Тоше го држи првото место. Секогаш кога ќе излезеше на сцената, Тоше како да се претопуваше во истата, не чувствуваше дека пее пред публика. Многу често се прашував и самиот себеси дали Тоше е навистина човек. И 15 години по неговата смрт, неговата енергија сеуште ја чувствуваме на концертите, а моја омилена песна е Тајно Моја“. 

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-04.jpg

Никола Трајановски продолжува: „Тоше го познавав лично, и иако не беше тоа долгогодишно познавање, сепак беше доволно за да го паметам како ретко воспитан дечко (со традиционални вредности), многу скромен и екстремно внимателен. Секогаш кога ќе се сретневме (не многу често), прашуваше и ги поздравуваше сите заеднички пријатели и познаници поединечно а посебно неговиот професор по соло пеење Пеце Митревски кој безмерно го почитуваше.

Да се свират песните на Тоше е чест и предизвик, но сепак предизвикуваат измешани чувства. Од една страна тага по прерано згаснатиот живот, од друга страна силните емоции и неповторливиот печат кој Тоше го остави во изведбите на неговите песни... Едноставно човек не може да остане рамнодушен. Ме радува што Камерниот Оркестар на Битола во континуитет учествува во чувањето и негувањето на името на овој македонски великан“. 

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-03.jpg

„Среќен сум што лично го познавав човекот кој остави незаменлива трага засекогаш во нас, и нашата култура. Бевме мали кога доаѓаше во интернет-кафето „Бизу" во Крушево, и нè предизвикуваше во компјутерски игри. Прекрасна личност, неверојатно скромен хуманист пред се, и голем музичар кој замина рано, а нам ни остави да го чуваме и репродуцираме неговото дело.

Да се свири неговата музика е секогаш интересно. Убав спој од мелодии и хармонски структури во кои секогаш ќе најдеш нешто кое го буди убавото во тебе“, изјави Коста Стевановски (контрабас).

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-09.jpg

Марија Арсиќ (придружен вокал) се сеќава на средношколските денови со Тоше и вели: „На Хор седев пред Тоше секогаш, и секој ден беше истата приказна - Тоше ми дуваше во косата, ми ги земаше штипките, нотите ми ги криеше за да ги барам. Беше многу добар, но во исто време и сакаше да си игра и многу да се смее“.

Од големиот број на случки од тие средношколски денови кои Марија ги сподели, најголем впечаток и оставил моментот кога за првпат го видела и слушнала Тоше: „…првпат го видов Тоше во нижо музичко (основно). Чекав час за клавир во старото музичко училиште на долниот спрат и слушнав од другиот кат како Тоше пее, и слегува надолу. Помина покрај мене со пеење и јас несвесно тргнав по него... буквално како маѓепсана.

Таква силна енергија зрачеше, што не можам да опишам. Тргнав со него, тој застана во дворот, застанав и јас, ме фати под рака и си продолжи да пее. Откако заврши со пеењето, продолжи со неговото детско гласно смеење, а јас во тој момент сфатив всушност што направив и засрамено се повлеков.

Покрај оваа случка, се сеќавам и на една друга случка кога имавме корепетиција. Бевме тројца јас, Тоше и Билен (исто соло-пејач од класата, генерација на Тоше) и чекавме ред. Јас како помала чекав да поминат и ги слушав како пеат. Стоев до прозорец баш кога пееше Тоше и осетив вибрација и зуење на стаклото. Во секој момент очекував стаклото да се скрши“, изјави Марија

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Наша докторка со впечатлив моден стил (фото) „Прво модно правило ми е – ‘Секогаш средена’. Без разлика дали одам на работа, д...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Лила во секси црвен костим за капење од плажа во Дубаи го честита 1-ви Мај „Сè можете да ми кажете, што сакате кажете, ама како да си го живеам својот живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg