Кардиологот Александар Стојменов: „Ми викаат докторе не ти личи, зошто таков спорт - што ќе речат луѓето?“

„Докторе, не ти личи… Докторе, зошто таков спорт, зошто мора јавно, што ќе речат луѓето, бла, бла, бла… Значи на секого му личи сѐ, ако сум доктор, не значи дека не треба да имам хоби, не значи дека не смеам да имам развиена мускулатура“, вели доктор Александар Стојменов чие хоби е бодибилдингот.

kardiologot-aleksandar-stojmenov-mi-vikaat-doktore-ne-ti-lichi-zoshto-takov-sport-shto-kje-rechat-lugjeto-01.jpg

Александар Стојменов од Штип е доктор кардиолог, но и вљубеник во бодибилдингот. Тој во слободно време тренира интензивно, а оди дури и на натпреварувања од овој тип.

Но, сега на неговиот Инстаграм профил, на кој има повеќе од 9.000 следбеници, се огласи и отворено кажа со какви кометари и стереотипи се соочува.

Вели дека неговата цел е токму тоа – да спречи предрасуди и порачува дека ако е доктор, не значи дека не му е дозволено да има хоби.

Неговата објава гласи:

„Докторе, не ти личи…

- Докторе,зошто таков спорт…
-Зошто мора јавно…
-Што ќе речат луѓето…
-Бла, Бла, Бла…

Деновиве добив огромна поддршка, која не ја очекував и сум преблагодарен од дното на срцето, на сите кои дојдоа да се сликаат, да се запознаат, сите кои дадоа мислење, енергија и поддршка за она што случајно излезе во неделата…

Меѓутоа, исто така слушам и такви (како оние од погоре) прашања, од кои не знам дали да плачам или да се смеам…

Значи на секого му личи сѐ, ако сум доктор, не значи дека не треба да имам хоби, не значи дека не смеам да имам развиена мускулатура, не значи дека треба да имам каква било бариера.

Кој било физички атрибут не ме прави полош или подобар доктор, до комплексот на оние на кои им смета е проблемот.

Спортот како спорт е нешто кое се обидувам да го претставам како уметност, да бидам жив, доказ дека човек со професија може да гради тело, а во случајов и да надмине сериозна повреда.

Секој спорт е уметност. Кога публиката гледа бокс, познавачите гледаат шах. Борењето, каратето исто така и секој спорт во основа е уметност, елеганција во спој со атлетицизам и сила и издржливост.

Зошто јавно? Затоа што има луѓе на кои сме им потребни, луѓе кои се мотивираат од нашите примери и се хранат со позитива, за да доближиме и покажеме нешто во вистинско светло и за да разбиеме стереотипи!

Што ќе речат луѓето? Оние кои ‘сакаат да речат’ ќе си речат секако, тие си бараат негатива во сѐ, како мувата го*но во најубава цветна ливада… Само дајте им денес малку повеќе материјал, за да речат нешто повеќе.“

Прочитајте и Доктор од Штип со саканата се еден од најфит паровите во Македонија (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Александар Митевски за спортската химна од Тоше: „Дојде од пат уморен, ја отпеа од прва и му се напр... „Токму денеска пред 18 години се роди песната „Македонија навива за вас“. Мелоди...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Александар Динев: „На 15 години имав обид да си го одземам животот“ „Кога почнаа да стигаат тие негативни коментари, особено пораки дека сакаат да м...

Најчитани неделава