Згрозувачка ситуација во Македонија - 21-ви век и уште прават „магии“ и оставаат вакви работи дома? (фото)

„Магија, и тоа обично е од блиски, кои ви доаѓаат дома. Или е од завист и љубомора кон вас...“, гласи еден од коментарите, а другите се шеговити од типот: „Стави го на Пазар3 или како ручни рад и стави му добра цена...“ и „Сеа у баба ми треба да сумњам брееееј.“

zgrozuvachka-situacija-vo-makedonija-21-vi-vek-i-ushte-pravat-magii-i-ostavaat-vakvi-raboti-doma-foto-01.jpg

Отворете некој македонски форум на тема магии и бабини деветени и ќе бидете вчудовидени од тоа колку во Македонија се верува во вакви работи.

Да, во 21-ви век... Неверојатно, зарем не? Изгледа дури несфатливо.

Еден твит од Македонец е доказ за ова дека луѓето уште веруваат во такви глупости и прават такви работи. 

zgrozuvachka-situacija-vo-makedonija-21-vi-vek-i-ushte-pravat-magii-i-ostavaat-vakvi-raboti-doma-foto-02.jpg

Тој сподели фотографија од клуч залепен со селотејп со крст и што уште не и напиша:

„21 век и луѓе уште прават вакви работи, вознемирувајќи стари и млади дома. Дали некој знае можеби кој прави вакви работи кај нас ? Вака, завиткано во кеса и оставено ДОМА, пази не у двор, него дома. Ако знае некој нешто, што е ова, инфо плис!“

На твитот има доста реакции меѓу кои, некои со совети, а други шеговити:

„Магија, и тоа обично е од блиски, кои ви доаѓаат дома. Или е од завист и љубомора кон вас, не може да ве гледа ако имате успех на некои полиња, или е да ви ги украде благословот за да дојде во нивниот дом, зашто нешто не им оди. Звучи безазлено, ама сè уште прават вакви работи. Битно е да не се плашите, и слободно фрлете го во ѓубре. И внимавајте кого пуштате дома. Каменот од блиску доаѓа.“

„Стави го на Пазар3 или како ручни рад и стави му добра цена...“

„Гледај ги црна свадба и певачица. Србите неколку нови серии имаат со вакви работи.“

„Баш тоа, нешто да вознемири - ако си кул нема врска, ако не си - успеал, те вознемирил.“

„Јас не знам како се постапува со вакви работи, но, зошто одредени луѓе сакаат да наметнат лоша енергија, не знам. Ги имало и ќе ги има. Злоба! Секако не е некој со добра намера, та го нарекле ние магија, или не знам како. Ова е од чоек демек добронамерен, а всушност - злонамерен!“

„Хари потер сите делови ми се глеани.“

„Ова е или ѓубре за у канта или бескорисно суеверие бирај.“

„Сеа у баба ми треба да сумњам брееееј.“

„Греота и ужас!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Kaролина Гочева блеска на одмор, Антониа Гиговска во бикини на настап: Што прават македонските ѕвезд... Maртија Станојковиќ со бикини наопаку трендот блеска на плажа, Toше Зафиров на о...
Елена Ристеска во каубојски аутфит, Татјана Лазаревска и Новица вљубени во Будва: Што прават нашите ... Татјана Лазаревска со сопругот Новица и синовите ужива еден месец во Македонија,...

Најчитани неделава