Свадбените фотографии се направени во Охрид, а Дарио и неговата ќерка Андреа зрачат со емоции на нејзиниот голем ден.
Пејачката Кристина Димитри, која не сака да открива многу детали од приватноста, пред извесен период објави фотографија од синот Давид, кој го доби во бракот со Даниел Кајмакоски, а сега покажа како се релаксира во овие топли, летни денови.
Роденденска забава со торта на два ката со диви животни и многу балони, но и со мајка која блеска и е модно усогласена со синчето на неговиот 3-ти роденден.
Лејла ужива на Занзибар, а оттаму објави и спектакуларно видео како прави јога пози додека ја заплиснува тиркизната вода на Индискиот Океан.
Oдморот некогаш: Крани, Претор, Охрид и Струга... Одморот е сјебан уште ко ќе влезете в кола. 40 степени во кола без клима и климаво семејство шо треба да патува. Дур да стигните твоите три пати се развеле, четири пати пак ги повториле брачните завети, вие назад сте дехидрирани од топло, плачење, пот. Oдморот сега: Има евтин чартер за Маурициус со цена од само еден бубрег со камен, 14 ноќевања. Спремањето почнува месец дена претходно. Се разбира, прво скриншот од уплатеното, филинг хепи.... Но, ПАК НЕ СТЕ СРЕЌНИ!
„Јас најмногу сакам да свирам со отворени прозори, да се слуша и подалеку од мојата соба, се надевам дека еден ден моето музицирање ќе се слуша низ целиот свет“ – вели за CRNOBELO.com 10-годишната Макарија Иванова, една од двајцата ученици на ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани кои освоија втори места на интернационален натпревар во пијано.
Eден месец по романтичното запросување во скопска винарија, Елеонора Миљковиќ (28), која учествуваше во реалното шоу Задруга, направи вердиба со својот сакан Чедо.
Очекував дека со оглед на тоа што сѐ е поскапено и цените на плажа да бидат зголемени, така што навистина бев пријатно изненадена кога дознав дека цената на лежалката е непроменета, а храната и пијалаците на плажа се продаваат по исти цени како во 2019-та година.
„Носијата беше тешка, но тоа не претставуваше никаков проблем за мене поради мојата голема желба“ – открива за CRNOBELO.com невестата од „Галичка свадба“, Елена Дуровска. Кои биле нејзините омилени делови од свадбата?
Тони Зен ретко објавува фотографии од својата приватност, но сега објави видео од неговиот син како вози велосипед, Барбара Ракичевиќ ужива во некои од најубавите места во Италија, како што е Позитано, а Марјана Станојковска блесна во улогата на водителка на сцената на Пиво фест. Едина Муса е природна убавица со милениците во прегратка, а Јелена Спенџарска ја избра Хрватска како дестинација за одмор.
Годинава Скијатос е летната дестинација на Тамара Тодевска, а овојпат ужива во друштво на семејството на нејзиниот персонален тренер и пријател Мартин.
Туна Сејдиу го врати мирисот на минатото со торта и декорации во форма на касета, а најспецифичен стајлинг на нејзината тематска забава во локал во Старата скопска чаршија имаше нејзиниот пријател - стилистот Даниел Николовски.
„Денес е посебен ден. Среќен роденден на моето злато Игор Џамбазов“, напиша Илина Арсова во описот на фотографиите од заедничките мигови и авантурите со нејзиниот сакан.
Зоран од Охрид за CRNOBELO.com вели дека не можел да ѝ одолее на убавината на полињата сончогледи на патот од прилепско за Македонски Брод, па морал да ја овековечи со фотографии. Надреална убавина, зарем не?
„Се чувствувам среќно и гордо“ – напиша Симон Трпчески на социјалните мрежи откако беше најавено дека неговата ќерка Лара заедно со Ирина Давидовска ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија, што годинава во декември ќе се одржи во Ерменија.
„Веќе подолго време размислувам да го променам своето име, па што мислите моето ново уметничко име да биде „Тоња“ (Tonya)? Ве сака Антониа или Тоња? Ве чекам во коментари!“
Со извајани стомачни мускули и црн модел на бикини, водителката Ирена Спировска ужива во кајакарење на Охридското Езеро. Изгледа неколку децении помладо и дефинитивно е една од најфит и најнегуваните жени од нашите ТВ екрани.
„Татковците се супер-херои, водичи во животот... Мојот татко беше сето тоа и многу повеќе, за мене татко од најубавата сликовница, мојот Супермен. Не сфаќав дека старее, дека еден ден може да не биде со нас, затоа што никогаш не се жалеше и сè можеше сам...“, гласи дел од емотивната објава на Снежна Лупевска, која ќе направи да го прегрнете цврсто својот татко, доколку ја имате среќата да е до вас.