„Ќерките и татковците делат едно срце“ - Снежана Лупевска со емотивна објава по смртта на татко ѝ

„Татковците се супер-херои, водичи во животот... Мојот татко беше сето тоа и многу повеќе, за мене татко од најубавата сликовница, мојот Супермен. Не сфаќав дека старее, дека еден ден може да не биде со нас, затоа што никогаш не се жалеше и сè можеше сам...“, гласи дел од емотивната објава на Снежна Лупевска, која ќе направи да го прегрнете цврсто својот татко, доколку ја имате среќата да е до вас.

kjerkite-i-tatkovcite-delat-edno-srce-snezhana-lupevska-so-emotivna-objava-po-smrtta-na-tatko-i-01.jpg

Новинарката Снежана Лупевска вчера  (12.07) ја објави тажната вест дека нејзиниот татко починал.

Таа му посвети емотивна објава, која ежи и трогнува. Сигурно по ова цврсто ќе го прегрнете вашиот татко, доколку ја имате среќата да е уште до вас.

kjerkite-i-tatkovcite-delat-edno-srce-snezhana-lupevska-so-emotivna-objava-po-smrtta-na-tatko-i-03.jpgфото: Фејсбук - Снежана Лупевска пред повеќе од 20 години на ТВ екраните

Објавата на Снежна Лупевска за нејзиниот татко на Фејсбук:

„Велат таткото е првиот пријател што го среќаваш во животот и дека ќерките и татковците делат едно срце. Татковците се супер-херои, водичи во животот...

Мојот татко беше сето тоа и многу повеќе. Смирен, но и силен, тивок, но и решителен, за мене татко од најубавата сликовница, мојот Супермен.

kjerkite-i-tatkovcite-delat-edno-srce-snezhana-lupevska-so-emotivna-objava-po-smrtta-na-tatko-i-05.jpg

Со сето ова не сфаќав дека старее, дека еден ден може да не биде со нас, затоа што никогаш не се жалеше и сè можеше сам.

За жал, сега го напушти овој свет, но знам дека месечината не свети залудно толку силно вечерва. Од таму горе, од небото широко отворено за него и понатаму ќе ме следи и сака. Почивај во мир татко.“

kjerkite-i-tatkovcite-delat-edno-srce-snezhana-lupevska-so-emotivna-objava-po-smrtta-na-tatko-i-04.jpgСинот на Снежана Лупевска е најверен фан на нејзината емисија „Код“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Мери Амбросова: „Ќерка ми отиде првпат кај татко ѝ во странство – морав да ја спремам за живот со др... „Марта отиде кај татко ѝ – 13 дена во странство. А дента кога ја испраќав, ...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...

Најчитани неделава