„Мојата пријателка Јулијана, за жал, изгуби син минатата година баш на овој ден. Една година ја гледав како се бори за животот на тоа дете и тоа беше најголемата и најхрабрата битка на која имам посведочено“ - вели модната креаторка Ивана Кнез за CRNOBELO.com. Успешни Македонки откриваат кои жени имале најголемо влијание во нивните животи.
На прашањето зошто денес делат рози, а не утре на Меѓународниот ден на жената, Дац и Александар истакнаа дека за жената, секој ден треба да биде 8 Март.
Пред крајот на ски-сезоната, нашата позната манекенка беше на Шар Планина, каде што уживаше во моментите поминати на снег и сонце.
„Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не бев спремна за ова 3 пати во месец дена. Грижата и за едно разболено дете значи неспиење со ноќи, стрес, нетрпеливост. Грижата за 2 деца значи дека секогаш некое дете ти е во рака, плаче или бара внимание“, вели Ангела од Скопје и испрати силна порака за сите супермајки.
„Минатиот месец ја откривме Доха, ама сликите дури сега дојдоа на ред“ - напиша поп-ѕвездата на Инстаграм и објави фотки со кои повторно покажа дека е наша кралица на стилот.
„Не се броеле годините?! Море се бројат, море се зборат, море се слават и ДА, се важат. Се важат бе и со вишок и со 'мањак' килограм. Се бројат и со и без бели влакна. И ако се разубавиш и ако тро огрдиш...“, гласи дел од објавата на Снеже Велков по повод роденденот.
На 29-тиот роденден Александра Шијакоска напиша: „Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор, наместо да шетам низ светот, ќе му се изнасмеев“. На 30-тиот: „Пред точно една година мислев дека го славам мојот последен роденден, а сега славам на остров во Африка“. 31-иот го прослави со забава, а сега за 32-иот вели: „Овој роденден ми е посебен, прв роденден како мајка“.
„Чекор напред, чекор назад, денес овие мали дечиња радосно проодуваат! Кон прегратка, кон насмевка, кон гушкање подаваат рачиња и цврсто и сигурно ги прават првите чекорчиња“, напиша Благица, мајката на штипската четворка.
Модната инфлуенсерка Ксенија Деспотоска, која пред неколку дена ја роди ќерката Надја, објави први фотки од бебето.
„Љупка во Париз“... Струмичанката ужива во центарот на модата, а позираше и покрај Ајфеловата кула во впечатливо издание.
Заводлив поглед, прекрасна насмевка, згодно тело... Едноставно, не можете да им се нагледате и кога се на теренот и кога ќе објават фотка на совијалните мрежи. Ова се дел од нашите најубави спортисти.
Од раскошен ентериер со златни детали до неверојатен поглед, Жарко со саканата Андреа и синот Вито (1) ужива во престојот во Дубаи.
„Првиот брак не ми успеа, но вториот сакав да си го спасам“ вели Дарко Влогс и открива колку бил тежок „животот на тркала како брачен пар“. Тој возел камион во придружба на сопругата, но токму кога донел одлука да продолжи сам, доживеал сериозна повреда на ногата која му го променила животот.
Лила Филиповска објави дека поминале 3 години од борбата со ракот и сподели фотографии со кратка коса, Драган Спасов - Дац насмеан во каубојски ауфит на тематската роденденска забава на внуката Гаиа (2), од синот Јаков и снаата Софија, а Аделина Тахири вљубена со сопругот.
Пејачката собра храброст и ги покажа лузните, но и своето тело во долна облека пред и по операцијата за отстранување на вишокот кожа.
„Неговата посветеност и професионализам ќе останат во сеќавањата на сите нас“, напиша неговиот колега Зоран Љутков.
Некои од нив се во децениски бракови со по 3 деца, други, пак, се неколку години во врска, но секоја од нив ја пронајде љубовта и е среќна и исполнета на приватен план. Од Живкица Каленикова до Татјана Стојановска, со кого нашите препознатливи дами од ТВ екраните го делат животот?
„Пеев на ‘Идол’ во Македонија, Србија и Црна Гора, но мојот најголем успех кога станува збор за шоуа е ‘Бугарски идол’, каде бев избрана за единствена девојка од Македонија која пее во Софија, заедно со тројцата момци Бојан Стојков, Дарко Илиевски и Александар Тарабунов“ - се присети Наталија Данаилова во интервјуто за CRNOBELO.com.