Прерано нè напушти актерот Самоил Стојановски - пријателите се збогуваат со него

„Лесен прелет кон вечноста Самоил“, напиша Васил Зафирчев. „Неговата посветеност и професионализам ќе останат во сеќавањата на сите нас“, порача Зоран Љутков.

prerano-ne-napushti-akterot-samoil-stojanovski-prijatelite-so-posleden-zbogum-01.jpg

Maкедонија изгуби уште еден талент прерано. Почина актерот Самоил Стојановски кој беше вработен во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес.

Објавата од Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес:

„Со длабока жал ја примивме веста за прераното заминување на нашиот колега Самоил Стојановски. Роден на 3 ноември 1970 година во Скопје, тој беше дел од македонската актерска сцена повеќе децении. Од 2003, па до неговиот последен аплауз во декември годинава, беше вработен во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес.

На сцената на Велешкиот театар создаде ролји во бројни претстави, меѓу кои: „Будење“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“, „Четвртата сестра“, „Орест“, „Жени во народното собрание“, „Сомнително лице“, „Враќање“, „Железно пиле“, „Дом за птици“, „Да се заборави Херострат“, „Х-Хамлет“, „Птици“, „Џинот, учителот“, „Веселите жени од Виндзор“, „Тероризам“, „Баханалии“, „Злосторство на островот на козите“, „ММЕ кој прв почна“, „Онегин“, „Шашардисани времиња“, „Принцезата и Гускарот“, „Последниот Балкански вампир“, „Крал Лир“, „Тартиф“, „Најважната работа на светот“, „Приказни од шестиот кат“, „Класен непријател“, „Добрата надеж“, „Мачорот во чизми“, „Ана Комнена“, „Синиот портокал“, „Лисистрата“, „Елешник“, „Креонт и Антигона“ и други.

Стојановски оствари улоги и во филмската и телевизиската продукција, учествувајќи во проекти како што се „Трст виа Скопје“ (1987–1990), „Погрешно време“ (2000), „Вампирџија“ (2002), „Крајот на играта“ (2002), „Крчма на патот кон Европа“ (2005), „Ова не е американски филм“ (2011), „Старо купуем“ (2013), „Приказни од животот“ (2014), „Ослободување на Скопје“ (2016), „Преспав“ (2016), „Македонски народни приказни“ (2017) и „Црвениот поет“ (2024) и други.

До семејството, колегите и пријателите на Самоил упатуваме најискрено сочувство во овие тешки моменти. Неговата посветеност и топлина што ги споделуваше со сите што го познаваа ќе останат засекогаш во сеќавањата. Нека спомените за него бидат утеха, а неговото дело сведоштво за неговиот живот и љубовта кон театарот“.

Објавите од неговите пријатели и соработници:

Васил Зафирчев

prerano-ne-napushti-akterot-samoil-stojanovski-prijatelite-so-posleden-zbogum-02_1.jpg

Зоран Љутков

prerano-ne-napushti-akterot-samoil-stojanovski-prijatelite-so-posleden-zbogum-07.jpg

Зоран Кардула

prerano-ne-napushti-akterot-samoil-stojanovski-prijatelite-so-posleden-zbogum-08.jpg

Едмонд Сотир

prerano-ne-napushti-akterot-samoil-stojanovski-prijatelite-so-posleden-zbogum-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...

Најчитани неделава