Фронтменот на „Либеро бенд“ и саканата Ивана прв танц играа на песната од „Porodično blago“, ќеркичката Ниа беше мини невеста, имаа бордо декорации и бордо бидермаер, а се забавуваа додека редеа малини на невестинската торта – парот направи свадба во родниот град на невестата, а присуствуваа и гости од естрадата.
Парот го доби синот Ведран во февруари 2022, a Видан во јуни 2024 година. Сега, сите заедно уживаат на море во Грција.
„Не можев да ја одбијам поканата од моето основно училиште „Коле Неделковски“, особено кога ми кажаа дека учениците подготвиле кореографија на ,,Лидија” како дел од нивната завршна приредба. Пораснав, но срцето за миг се врати таму каде што сè започна“, напиша Јанг Дади.
„Многу луѓе мислеа дека не живеев тие десетина години. Сакав јас да си ги гледам децата. Сакав јас да им ги видам првите насмевки, првите чекори, јас да им зготвам, јас да им подготвам. Не сакав да дојдам дома и дадилката да ми раскажува што правеле“, вели Вера Мештеровиќ за мајчинството.
Една од најемотивните приказни во најновата епизода на „Нешто Конкретно“ доаѓа од градоначалникот на Велес, Марко Колев кој отворено проговори за животот со дислексија и за предрасудите со кои се соочувал уште од детството.
„Уште пред некое време кажав дека стојам на располагање за секој човек со попреченост, за сите кои не можат лесно да стигнат до берберница, а имаат потреба од нега, внимание и достоинство. И денес не го направив тоа за да биде видено, туку затоа што навистина го чувствувам така. Стојам на располагање секогаш. Добив насмевка што те удира право во срце...“, вели Давид Илиев од Виница која направи мало, но всушност навистина големо хумано дело.
Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе од 60.000 евра, плус за дел од колегите од естрадата вели: „Има многу на листата кои потврдија дека ќе дојдат и не дојдоа...“
„Наскоро ќе станеме родители“ – напиша Тајзи во описот на фотката на која ја бакнува саканата, која држи снимка од ехо и бебешки чорапчиња.
„Да... тоа сме ние! Три и пол децении подоцна... Каде и да сум јас, таа е некаде близу мене. Низ стресни работни денови и тивки моменти, патувања, смешни ноќи и долги телефонски разговори... Благодарна сум за ова сестринство. Моја Анцуле“, вели Цаци Паковска за долгогодишната пријателка Ана Исаиева.
Во гостувањето во емисијата „Низ град со Кики“, Живко Мукаетов зборуваше за своето детство, средношколските денови, студиите во Лондон, но и за вредностите кои го обликувале како човек и професионалец.
„Да кажам од мојата бранша, да сакаш да закажеш свадба, нема сали слободни. Музика нема слободна, треба однапред 2 години да договориш сè”, искрено вели Антонио Тасевски, пејач, на темата дали добро може да се заработува во Македонија.
Сликата кога го видов син ми испружен на кревет без знаци на живот, ме шокираше. Но во истиот момент снаата испушти толку ужасен крик исполнет со болка, а таа беше пред породување. Ме молеше да помогнам, а што можам да направам против смрт. Кога би можел да му кажам нешто, тоа би било - ако постои најмала шанса да бидеме заменети, јас да бидам во царството на мртвите, а тој жив да си живее со сопругата и дечињата...“ - вели во емотивна исповед Кире Димитриев.
„Јас не можам да ви ја опишам со зборови таа врска што ја имаа Андреја и Јана, и верувам дека таа врска ќе остане како нешто нераскинливо и дури ниту јас како мајка – не можам тоа да го заменам“, вели Наталија за својата ќерка и прерано починатиот сопруг.
„Ги замолив да не ме форсираат... Препознавањето го изврши најдобриот другар на Андреја, Славко, со којшто секој ден беа заедно. И кога се врати веќе од просторијата, ми се појави една зелена фаца, кадешто сфатив дека тоа е вистина. До последен момент мислев дека ќе го најдам некаде и ме водеше мислата дека е на распит“, вели Наталија, вдовицата на Андреј ДНК.
„За некоја несреќа ете на 15-ти вечерта мојата сестра славеше роденден. Таа е родена на 15-ти март и од тогаш нејзиниот роденден го паметиме по лошо, за жал. Инаку, трагичната вест до мене како да стигна најдоцна. За нас повеќе нема бои...“, емотивно вели Наталија, во траорна исповед во „Претрес“.
„Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од романтичен филм. Декорацијата, погледот кон езерото и атмосферата беа магични, сите луѓе гледаа во нас... Во моментот кога тој клекна на едно колено и го отвори кутивчето со прстенот, времето како да запре“, вели Ангела од Скопје, која заедно со саканиот Никола, ни раскажаа за запросувањето во Св. Наум.
Во Македонија денес: „Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град...“
Речиси 85% од луѓето во светот имаат барем една родова предрасуда кон жените, покажува Gender Social Norms Index 2023 на UNDP. И покрај напредокот во законите, политиките и формалната застапеност на жените, предрасудите остануваат една од најголемите пречки за вистинска родова еднаквост. Социјалните норми и предрасуди се формираат уште од најрана возраст преку семејството, образованието, медиумите, религијата и работното место. Тие често опстојуваат дури и кога поединците лично не се согласуваат со нив, поради што нивната промена е сложен, но неопходен процес.