Иван Јованов направи свадба покрај базен – бордо декорации, редеа малини на торта, прв танц на песната од „Porodično blago“
- Детали
- недела, 14 јуни 2026
Фронтменот на „Либеро бенд“ и саканата Ивана прв танц играа на песната од „Porodično blago“, ќеркичката Ниа беше мини невеста, имаа бордо декорации и бордо бидермаер, а се забавуваа додека редеа малини на невестинската торта – парот направи свадба на која присуствуваа и гости од естрадата.

Вчеравечер во ресторан покрај базен, фронтменот на „Либеро бенд“, Иван Јованов и неговата сакана Ивана, направија свадба, 2 години откако се роди нивната ќеркичка.
На свадбата невестата изгледа прекрасно во бела и тесна венчаница со корсет, а младоженецот во елегантен смокинг, пристигнаа на подиум додека Горан Папаз свиреше на саксофон, а потоа одиграа прв танц на песната од „Porodično blago“.


Просторот беше декориран уникатно и модерно во бордо нијанси, а исто и бидермаерот на невестата беше со бордо цветови.

Младоженците уживаа и додека по последните трендови, наместо само да сечат торта, ја редеа тортата со малини и со шеќер во прав.

Гостите ги забавуваше „Група Маестро“, но запеа и Барбара Поповиќ со Иван, Андријана Петрушовска, а на свадбата беше и Мартија Станојковиќ.

Уште неколку фотки од младоженците и гостите на свадбата:






Видео од првиот танц:
М. М. | Црнобело