Иван Јованов и сопругата направија роденденска забава за Ниа (2) - Мајката и ќерката модно усогласени, торта со пчелички
- Детали
- петок, 27 март 2026
„Бебето мое“, напиша на Инстаграм пејачката Барбара Поповиќ, една од најдобрите другарки на Иван, а која беше на роденденската забава на малата Ниа.

Ниа, ќерката на Иван Јованов, вчера (26.03) наполни 2 години.
Пејачот на Либеро бенд, и неговата сопруга Ивана, ѝ организираа роденденска забава со многу дечиња.

Темата беше пролет, а тортата и роденденските украси беа со пчелички и цветови.
Ниа беше облечена во жолто фустанче со палто, а со бојата на облеката и самата асоцираше на мала пчеличка.
Стилот на нејзиното фустанче, пак, беше модно усогласен со стилот на мајка ѝ.

Иван на Инстаграм Стори сподели неколку фотографии и видеа од роденденската прослава на Ниа, од моментите кога ја дуваат свеќичката на роденденската торта, а на кои се гледа колку се сите насмеани и среќни.
„Бебето мое“, напиша пејачката Барбара Поповиќ, една од најдобрите другарки на Иван, на роденденската фотка што ја сподели.

Погледнете повеќе фотографии:






А. Ј. | Црнобело