Иван Јованов: „Оперирав грло во февруари и паднав психички - полека се враќам во посакуваната вокална форма“

„Не е лесно, целосно ми е изгубена вокалната кондиција, зашто јас си вежбав цел живот. Психички бев многу паднат овој пат поради фамилијата, детето и други планови, размислував што би било кога би било. Ама, полека се враќам и тоа ми е најбитно“, вели Иван за CRNOBELO.com, за втората операција на грлото.

ivan-jovanov-go-operirav-grloto-vo-fevruari-psihichki-padnav-mnogu-bojata-na-glasot-mi-e-sochuvana-01.jpg

Пејачот Иван Јованов, фронтменот на „Либеро бенд“, во средината на февруари направи операција на грлото.

Операцијата на неколку недели го оддалечи од настапите, но и од неговата редовна рутина, а му смени и неколку големи планови во животот.

И покрај тоа, Иван денес се чувствува добро, полека се враќа на својата рутина и животот од пред операцијата, а почна и со свирките во живо.

ivan-jovanov-go-operirav-grloto-vo-fevruari-psihichki-padnav-mnogu-bojata-na-glasot-mi-e-sochuvana-04.jpg

Ова е негова втора операција на грлото, откако претходно го оперирал од бениген тумор.

Иако вели дека не сака да зборува многу за ова, за CRNOBELO.com ни раскажа како се чувствува во моментов, но и за самата операција:

„Се оперирав на 18 февруари на Клиника, кај д-р Илија Камишковски и презадоволен сум по операцијата. Бојата на гласот ми е сочувана.

Ги слушав сите негови совети и бев послушен во периодот на рехабилитација.

ivan-jovanov-go-operirav-grloto-vo-fevruari-psihichki-padnav-mnogu-bojata-na-glasot-mi-e-sochuvana-02.jpg

Од пред три недели почнав и со настапите во живо, а од неодамна почнав да вежбам и пробувам да се вратам во нормала и вокално и психички и физички.

Не е лесно, целосно ми е изгубена вокалната кондиција, зашто јас си вежбав цел живот.

Психички бев многу паднат овој пат поради фамилијата, детето и други планови, размислував што би било кога би било. Ама, полека се враќам и тоа ми е најбитно“.

ivan-jovanov-go-operirav-grloto-vo-fevruari-psihichki-padnav-mnogu-bojata-na-glasot-mi-e-sochuvana-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Иван Јованов ќе бил Кристина, Сузана Гавазова - Мери: Како требало да се викаат познатите Македонци? „За мене првин мислеле дека ќе бидам женско и татко ми имал желба да се викам Ка...
Иван Босиљчиќ и Димитар Андоновски ја пеат „Ако одам во Битола“ на концерт: „Не знаев дека ќе ме вик... „За мојата Јелена да не се лути на мене што јас ја пеам нејзината омилена песна,...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Иван Јованов направи свадба покрај базен – бордо декорации, редеа малини на торта, прв танц на песна... Фронтменот на „Либеро бенд“ и саканата Ивана прв танц играа на песната од „Porod...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава