Јанг Дади им дојде на приредба на децата од неговото основно училиште - ја пееја „Лидија“ на цел глас (видео)

„Не можев да ја одбијам поканата од моето основно училиште „Коле Неделковски“, особено кога ми кажаа дека учениците подготвиле кореографија на ,,Лидија” како дел од нивната завршна приредба. Пораснав, но срцето за миг се врати таму каде што сè започна“, напиша Јанг Дади на Инстаграм.

jang-dadi-im-dojde-na-priredba-na-decata-od-negovoto-osnovno-uchilishte-ja-peeja-lidija-na-cel-glas-video-01.jpg

Давид Манев, познат како Јанг Дади порасна во населбата Дебар Маало во Скопје, каде што заврши основно училиште.

Иако скоро секојдневно поминува покрај своето старо училиште, тој денес влезе во една од училниците за да ги изненади децата кои за завршната приредба подготвиле кореографија на песната „Лидија“, новиот хит на Дади.

jang-dadi-im-dojde-na-priredba-na-decata-od-negovoto-osnovno-uchilishte-ja-peeja-lidija-na-cel-glas-video-02.jpg

Музичарот на Инстаграм објави видео од изненадувањето, па напиша:

„Не можев да ја одбијам поканата од моето основно училиште „Коле Неделковски“, особено кога ми кажаа дека учениците подготвиле кореографија на ,,Лидија” како дел од нивната завршна приредба.

Пораснав, но срцето за миг се врати таму каде што сè започна“.

jang-dadi-im-dojde-na-priredba-na-decata-od-negovoto-osnovno-uchilishte-ja-peeja-lidija-na-cel-glas-video-03.jpg

Кога Давид влегува во училницата, децата го гледаат збунето и со возбуда, а му се израдуваа и неколку родители, па сите заедно, во еден глас, ја пеат „Лидија“.

Потоа се фотографираа со него, а тој подели и неколку автограми.

Кликнете и погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Лидија Кочовска: „Јас, Тања и татко ми добивме дијабет во исто време - кога мајка ми со Алцхајмер се... „Тоа се случи кога мајка ми се изгуби, таа беше со Алцхајмерова деменција и прво...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg