На Македонија ѝ се заканува силно невреме денес - Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град
- Детали
- среда, 10 јуни 2026
Во Македонија денес, од УХМР: „Сончево и топло со мала до умерена облачност... Но, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град...“ Деновиве е можна појава на ветер и до 60 km/h.

Од УХМР (Управата за хидрометеоролошки работи) предупредуваат за голема нестабилност на времето попладнево.

Нивната објава гласи:
„Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер“.


Инаку, нестабилното време ќе се задржи и во следните денови со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.
Наместа ќе има и пороен дожд и засилен ветер.
Ќе дува долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h).
С. С. | Црнобело