Цаци Паковска (48) за Ана Исаиева, некогаш модел - денес цвеќарка: „Три и пол децении другарки, каде сум јас, таа е блиску“
- Детали
- четврток, 11 јуни 2026
„Да... тоа сме ние! Три и пол децении подоцна... Каде и да сум јас, таа е некаде близу мене. Низ стресни работни денови и тивки моменти, патувања, смешни ноќи и долги телефонски разговори... Благодарна сум за ова сестринство. Моја Анцуле“, вели Цаци Паковска за долгогодишната пријателка Ана Исаиева.

Цаци Паковска (48), нашата модна стилистка, модна дизајнерка и извршен продуцент на едни од најголемите и најуспешни проекти за млади кај нас „Дајте музика“ и „Тин камп“ на својот Инстаграм профил објави низа фотографии со својата пријателка Ана Исаиева.

Ана некогаш беше наш познат модел, а денес е сопственик на цвеќарница и со задоволство ги минува деновите таму - среде цвеќето, клиентите и одличниот ентериер на модерниот простор.
Цаци за пријателството со неа вели:
„Да... тоа сме ние! Три и пол децении подоцна... Каде и да сум јас, таа е некаде близу мене.
Низ стресни работни денови и тивки моменти, патувања, смешни ноќи и долги телефонски разговори... таа беше мојата постојана поддршка.

Зад секоја наша наместена фотографија има по една со смешни гримаси. И токму на тие фотографии сме вистински ние.

Благодарна сум за ова сестринство. Моја Анцуле“.





