„Сите мислеа дека сум глупав ми се потсмеваа, се срамев“- градоначалникот на Велес за животот со дислексија

Една од најемотивните приказни во најновата епизода на „Нешто Конкретно“ доаѓа од градоначалникот на Велес, Марко Колев кој отворено проговори за животот со дислексија и за предрасудите со кои се соочувал уште од детството.

site-mislea-deka-sum-glupav-mi-se-potsmevaa-se-sramev-gradonachalnikot-na-veles-za-zhivotot-so-disleksija-01.jpg

„Сите мислеа дека сум глупав ми се потсмеваа, се срамев. А вистината е дека никој не знаеше дека имам дислексија. Ни јас не знаев. Тоа го откривме дури кога имав 35 години“, раскажува тој.

Колку сериозно влијаела состојбата врз неговото секојдневие покажува и еден настан од почетокот на неговата градоначалничка кариера.

„Кога станав градоначалник имаше обука за градоначалници. Јас буквално избегав од обуката затоа што требаше да се чита, открива тој. Нас ни бегаат редовите, ни скокаат буквите буквално не можеме да ја прочитаме правата линија од реченицата

И покрај сите пречки, успеал да дипломира на Географија, благодарение на огромната поддршка од неговата мајка.

„Мајка ми ми читаше на глас за да можам да ги подготвам испитите. Така завршив факултет.“

site-mislea-deka-sum-glupav-mi-se-potsmevaa-se-sramev-gradonachalnikot-na-veles-za-zhivotot-so-disleksija-02.jpg

Денес, како градоначалник, говорите му се печатат на жолта хартија за полесно да ги чита, а за својата состојба зборува без страв и без срам.

„Не се срамам од тоа што сум. Сакам луѓето да разберат дека дислексијата не значи дека некој е помалку интелигентен.“

Тој посочува дека многу луѓе со дислексија развиваат исклучителни способности во други области, како визуелна меморија, креативност, логичко размислување и активно слушање.

Во светот, за лица кои живееле или живеат со дислексија често се споменуваат и Алберт Ајнштајн и Том Круз.

Исповедта на градоначалникот отвора важна тема за илјадници деца и возрасни кои секојдневно се соочуваат со истите предизвици, а често наместо разбирање добиваат етикети. Неговата порака е едноставна: дислексијата не е пречка за успехот, туку различен начин на учење и доживување на светот кој заслужува разбирање и поддршка.

Би можело да ве интересира:

„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во лукс... „Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пр...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg