Антонио Тасевски, по 22 години живот во САД, се пресели назад во Македонија: „Дали кај нас се заработува солидно?“
- Детали
- четврток, 11 јуни 2026
„Излези на Партизанска се возат убави возила, или каде било на паркинг ќе видиш добри автомобили паркирани. Значи нешто се прави, се заработуваат пари...“, искрено вели Антонио Тасевски, пејач, на темата дали добро може да се заработува во Македонија.

Кога ќе се спореди стандардот во Македонија и странство, во овој случај со Америка, најчестиот коментар порано беше дека нема споредба и дека во Америка се заработува многу повеќе и живее подобро.
Но, работите се менуваат и сега многумина ќе речат дека во Македонија може да се живее убаво и да се заработува солидно ако се трудиш и работиш.

На тоа прашање одговара Антонио Тасевски, пејач, кој пред година дена реши да ја напушти Америка и да се пресели да живее во Македонија.
„Да кажам од мојата бранша, да сакаш да закажеш свадба, нема сали слободни. Музика нема слободна, треба однапред 2 години да договориш сè”, искрен е Антонио кој веќе 8 месеци е член на групата Да Капо бенд.

„Излези на Партизанска се возат убави возила, или каде било на паркинг ќе видиш добри автомобили паркирани. Значи нешто се прави, се заработуваат пари, ама од што и како, не знам. И мене не ми е јасно”- вели Антонио во најновото издание на поткастот Марија во Америка кој се емитува на YouTube.
Тој веќе година дена како е вратен од Америка со својата фамилија, но каде живее, како се снаоѓа и што му се допаѓа, а што не во Македонија ќе слушнете токму од него во овој искрен муабет.
Зошто се вратил назад во родното место после повеќе од 22 години живот во Америка ќе дознаете од Антонио. Многумина го прашуваат тоа прашање и ете, одговорот е конечно во етерот.

А дали би се вратил да живее во Америка повторно? Многу емоции и грутки во грло стојат позади тој одговор затоа што ниту една преселба не е лесна посебно кога станува збор за фамилија и деца.
Целиот муабет за враќањето, животот, заработката и неговата судбина го гледате во подкастот.
Целото гостување:
С. С. | Црнобело