„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните заболувања
- Детали
- среда, 08 април 2026
На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот повторно" кој го организирам воден од лична идеа и инспирација со единствена цел да ја поттикнам и подигнам свеста за малигните болести и превенција на истите.

Ве известувам дека на 19 Април 2026 во НУЦК "Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот "Живот повторно", проект кој го организирам воден од лична идеа и инспирација со единствена цел да ја поттикнам и подигнам свеста за малигните заболувања и превенција на истите.
Јас, Димитар Радески, како канцер пациент кој минува низ агонијата наречена ''рак'' за прв пат јавно и сурово искрено ќе говорам за мојата агонија и најтешка борба во мојот живот и во животот на мојте најблиски.
На настанот учевство ќе земат и дел од најдобрите доктори во нашата држава, претседателот на комисијата за ретки болести, музички изведувачи и артисти и други успешни личности што ја поддржуваат мојата идеа.
Во текот на целиот настан ќе се води дискусија и интеракција меѓу мене, докторите и сите присутни во публика, со што секој еден ќе може да постави прашање од слободен тип до мене и докторите на што веднаш ќе добие одговор.
Мојата амбиција и план е сето ова да го претворам во каравн низ нашата држава во повеќе градови, со што преку мојата приказна ќе се потрудам на сите да им ја доближам вистинската слика и реалноста од патешествието на еден пациент со канцер, покрај што сакам да ја подигнам свеста околу малигите заболувања меѓу сите нас, а преку нашите најдобри доктори ќе се едуцираме и информираме што повеќе во врска со овие заболувања.
Настанот ќе биде опфатен со свечен прием, многу музика, пеејќи сите заедно да гиразбиеме сите солзи таа вечер, коктел дружење со мене и докторите присутни на настанот.
Нескромно, ваков тип на настан со концепт и содржина како "Живот повторно", досега на нашите простори и пошироко се нема остварено ниту пак одржано.
Јас веќе сум присутен во повеќе градови со цел да допрам до што повеќе луѓе и да ги информирам за овој настан. Заинтересираноста е навистина многу многу голема за што сум навистина пресреќе!
Ги поканувам сите заинтересирани да набават билети, да го поддржат мојот проект "Живот повторно" и да дојдат да се дружиме заедно на еден поинаков настан.
Многу прашања, многу одговори! На 19 Април, НУЦК "Марко Цепенков" - Прилеп, со почеток од 18:00 часот, дојдете сите заедно да ја подигнеме и поттикнеме свеста меѓу сите нас во врска со малигните заболувања! Ве очекувам!
