Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате

The Girl with the Dragon Tattoo

Снимен според истоимената книга на Стиг Ларсон, The Girl with the Dragon Tattoo е забавен трилер кој ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.

Главниот лик е новинар кој е најмен од богато семејство со цел да реши мистерија стара неколку децении. Во мисијата му помага млада хакерка со проблематично и трауматично минато.

Triangle

И Triangle може да се смести во категоријата хорор бидејќи има неколку вознемирувачки сцени.

Главниот лик е Џес која со група пријатели оди на пловење со јахта. Тие се соочуваат со бура, но успеваат да се спасат благодарение на брод кој случајно минува покрај нив.

Она што е чудно е тоа што бродот изгледа напуштено, додека Џес е убедена дека го има видено претходно.

Exam

Exam е нискобуџетен филм чие дејство е сместено во една просторија, но ова не значи дека не е возбудлив (или морничав).

Главните ликови се осум луѓе кои се на интервју за работа за наводно многу важна позиција.

За интервјуто, тие добиваат тест со едно едноставно прашање, а притоа треба да следат неколку правила.

Како што тензијата во собата расте, ситуацијата брзо кулминира.

The Mist

Дејството на филмот е сместено во супермаркет каде што купувачите и вработените се заробени откако надвор се појавува мистериозна магла.

Кога дел од нив умираат додека се обидуваат да се пробијат низ маглата, останатите дебатираат дали треба да останат внатре или да пробаат да побаат помош.

На прв поглед, дејството можеби звучи наивно, но филмот, снимен според истоимената книга на Стивен Кинг, многу реалистично прикажува како би се однесувале луѓето во ваква ситуација.

Source Code

Главниот лик е воен пилот кој се буди во воз. Пред него седи девојка која му зборува, но тој не ја препознава.

Кога се погледнува во огледало, пилотот сфаќа дека е во телото на друга личност, а набрзо потоа возот експлодира.

Пилотот повторно се буди во истиот воз, а пред него повторно седи истата девојка која му зборува…

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg