10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат
На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хорор, но филмот е многу повеќе од тоа, а крајот е нешто што дефинитивно не би го очекувале. 10 филмови кои ќе ви се допаднат ако сакате непредвидливи пресврти.
Филмовите со добар и неочекуван пресврт се едни од омилените бидејќи успеваат да ни ја променат перспективата за целата приказна.
Ако веќе ви се изгледани оние популарните, како Fight Club и Shutter Island, сигурно ќе ви се допадне оваа листа.
10 филмови со непредвидливи пресврти:
Se7en
Пресвртот во филмот на Дејвид Финчер ќе ве изненади, ќе ве разгневи, но и ќе ве растажи.
Двајца детективи имаат задача да најдат сериски убиец чии убиства се инспирирани од седумте смртни гревови.
Секое убиство е сè погрозоморно, а се чини дека убиецот секогаш е чекор пред детективите.
The Prestige
Со Хју Џекмен и Кристијан Бејл во главните улоги, The Prestige се фокусира на двајца магионичари кои жртвуваат многу за нивните трикови.
На почетокот тие соработуваат, но потоа стануваат најголеми непријатели.
Желбата да се надминат еден со друг ги прави познати, но и им предизвикува низа трагедии.
Primal Fear
Ричард Гир глуми познат адвокат кој се обидува да му помогне на младо момче кое е осудено за убиството на свештеник.
Момчето тврди дека е невино, како и дека е склоно кон амнезија, а адвокатот се обидува да ја разоткрие вистината.
Get Out
Млад Афроамериканец и неговата бела девојка одат во домот на нејзините родители.
На почетокот краткото патување изгледа идилично, но наскоро момчето ја открива мрачната тајна на семејството на девојката.
The Cabin in the Woods
На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој тинејџерки хорор-филм.
Група пријатели престојуваат во кабина во шумата, но почнува да ги демне некакво зло.
Не се откажувајте од филмот ако ви изгледа премногу клише – крајот е нешто што дефинитивно нема да го очекувате.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





