10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат
El Orfanato
Морничавиот шпански хорор е светски познат, и тоа со добра причина.
Жена која ги изгубила родителите во детството одлучува повторно да го отвори сиропиталиштето во коешто пораснала.
Но, иако сиропиталиштето е затворено со години, таа набрзо сфаќа дека не е така празно.
Gone Baby Gone
Одличен, морничав трилер во режија на Бен Афлек и мошне добра актерска екипа.
Главните ликови се двајца детективи кои се обидуваат да најдат исчезнато 4-годишно девојче.
The Village
Уште еден хорор на листата, кој веќе станува култен.
Дејството е сместено во мало изолирано село чии жители не смеат да го напуштат бидејќи во шумата има чудовишта.
Можеби самиот филм не се истакнува многу над другите добри хорори, но вреди да се изгледа поради лудиот пресврт.
American Psycho
Снимен според истоимената книга, American Psycho многу реално прикажува како изгледа еден психопат.
Кристијан Бејл го глуми Патрик Бејтман – богат банкар, но и психопат.
Филмот изобилува со вознемирувачки сцени, но ако „имате стомак“ да ги издржите, вреди да го изгледате до крај.
Planet of the Apes
Филм од далечната 1968 кој со причина е популарен до денес.
Главните ликови се астронаути чиј вселенски брод паѓа на непозната планета населена од човеколики мајмуни.
Ако веќе го знаете пресвртот, тогаш изгледате ги новите филмови од франшизата (од 2011, 2014 и 2017 година) кои се едни од ретките римејкови што добија позитивни оценки и од критичарите, и од публиката.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





