10 ретро филмови што ќе ве потсетат на поубави времиња

Sister Act

Забавна комедија со Вупи Голдберг во главната улога.

Таа глуми пејачка која, криејќи се од мафијата, бара засолниште во манастир.

Овде станува дел од хорот на калуѓерите и драстично им ги менува животите.

The Parent Trap

Ани и Хејли се идентични близначки, но се разделени веднаш по раѓањето и не ни знаат една за друга.

Но, за време на летен камп, двете девојчиња се сретнуваат и сосема случајно ја дознаваат вистината.

Па, одлучуваат да си ги заменат местата.

The Addams Family

Морничавото семејство Адамс иако чудно, живее во хармонија.

Но, мирот набрзо им е нарушен откако маж кој тврди дека им е далечен роднина пробува да ги измами.

Clueless

Ова е една од најпопуларните тинејџерски комедии, и тоа со добра причина.

Главниот лик е Шер, средношколка од богато семејство со свои тинејџерски проблеми.

Кога во училиштето се запишува нова девојка, Шер одлучува да ја направи нејзин „проект“, односно да ја направи популарна.

10 Things I Hate About You

Уште еден тинејџерски филм, кој нема да ви биде здодевен, без разлика на возраста.

Главниот лик е девојка која не може да се вклопи во средното училиште, но се вљубува во дечко кој е всушснот платен да ја однесе на романтичен состанок.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg