Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та?

Мет Дејмон – 43 милиони долари

Покрај заработката од студиото што го основа со Бен Афлек, Мет Дејмон имаше и улога во популарниот Oppenheimer.

Филмот е еден од најголемите фаворити за Оскар.

adam-sendler-e-na-vrvot-koi-se-najplatenite-akteri-za-2023-ta-07.jpg

Рајан Гослинг – 43 милиони

Со улогата во Barbie, Рајан Гослинг си заработи номинација за Оскар, но и место на листата на најплатени актери за 2023-та.

Интересно е и што песната од филмот што ја пее тој – I’m Just Ken – стана огромен хит на Spotify, па веројатно му носи некаков приход.

adam-sendler-e-na-vrvot-koi-se-najplatenite-akteri-za-2023-ta-08.jpg

Том Круз – 45 милиони долари

Благодарение на неговата репутација во Холивуд, Том Круз добива солидна плата за секој филм што ќе го снима, уште пред студиото да заработи нешто од проекциите во кината ширум светот.

Неговиот последен филм од серијалот Mission: Impossible не помина најдобро на бокс-офисот, но актерот сепак беше солидно платен.

Благодарение на стриминг платформите, тој уште заработува и од неговите постари филмови, како продолжението на Top Gun од 2022-ра.

adam-sendler-e-na-vrvot-koi-se-najplatenite-akteri-za-2023-ta-09.jpg

Марго Роби – 59 милиони долари

Покрај улогата во Barbie, Марго Роби има и други приходи.

Нејзината продукциска компанија стои зад филмот Saltburn кој беше номиниран за Оскар, а наводно потпишала и ексклузивен договор со Warner Bros.

Марго најави дека ќе прави пауза од актерската кариера, но ќе се фокусира на други аспекти од филмската индустрија

adam-sendler-e-na-vrvot-koi-se-najplatenite-akteri-za-2023-ta-10.jpg

Адам Сендлер – 73 милиони долари

Како што веќе спомнавме, Адам Сендлер е најголемото изненадување на листата.

И покрај лошите критики за неговиот нов филм Murder Mystery 2, тој заработи солидна сума.

Истовремено, во 2023-та имаше над 40 стенд-ап настапи ширум САД, како и три проекти во соработка со Нетфликс што му се дополнителен извор на приходи.

adam-sendler-e-na-vrvot-koi-se-najplatenite-akteri-za-2023-ta-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg