10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот

The Darjeeling Limited

Необичен но забавен филм во режија на Вес Андерсон.

Главните ликови се тројца браќа кои една година по смртта на нивниот татко, тргнуваат на патување со воз низ Индија.

И, бројните (чудни) искуства ги тераат да ги преиспитаат нивните животни одлуки.

The Bucket List

Со Џек Николсон и Морган Фримен во главните улоги, ова е филм кој ќе ве потсети зошто животот е убав.

Главните ликови се двајца мажи со рак, без шанси да бидат излекувани.

Но, наместо да чекаат да умрат, тие бегаат од болницата и пробуваат да си исполнат што е можно повеќе животни цели и желби.

Captain Fantastic

Маж и жена на кои не им се допаѓа модерниот начин на живот во САД одлучуваат да живеат во дивината со нивните деца.

Но, по смртта на жената, мажот е присилен да ги врати децата во „вистинскиот свет“, барем донекаде.

Up

Up важи за еден од најемотивните анимирани филмови на Pixar, а може да ги расплаче и возрасните.

Главниот лик е старец кој целиот живот штедел пари со сопругата за патување до нивната дестинација од соништата.

По нејзината смрт, тој се откажува од сонот, но по многу години сепак тргнува на долго планираната авантура.

Around the World in 80 Days

Сигурно ја знаете, а можеби и сте ја прочитале книгата „Пат околу светот за 80 дена“ на Жил Верн.

Во филмот, како и во книгата, ексцентричен маж се обложува дека може да пропатува околу целиот свет за само 80 дена.

https://www.youtube.com/watch?v=k2XNULhMC18

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...

Најчитани неделава