Легендарни фотки од ѕвездите на црвениот тепих во 1994 – годината која се смета најдобра со најмногу култни филмови
Младите Том Круз и Бред Пит еден до друг, Џим Кери во подемот на славата на различни премиери, младиот Тарантино – овие фотки се како портал преку кој ќе се телепортирате во 1994-та, годината кога филмската индустрија блескала и на црвениот тепих се собирале најголемите ѕвезди на едно место.

Многупати низ муабет во друштво, знаеме да кажеме дека денес веќе нема такви добри филмови како во минатото, кога во една година знаеја да излезат повеќе легендарни филмови кои до ден-денес се класици.
Токму таква година била 1994-та, кога кинематографијата доживеала вистинска креативна експлозија каква што посакуваме и сега да се случи.
Во оваа календарска година биле објавени голем број филмови кои подоцна беа наречени култни класици, но освен на филмското платно, филмската индустрија блескала и на црвениот тепих каде се собирале најголемите ѕвезди на едно место.
Погледнете фотки од црвениот тепих и премиери на филмови во 1994-та, каде актерите се три децении помлади:
Џим Кери и Кортни Кокс – Ace Ventura: Pet Detective

Хју Грант и Елизабет Харли – Four Weddings and a Funeral

Квентин Тарантино, Ума Турман, Брус Вилис и Џон Траволта во Кан - Pulp Fiction

Сандра Булок и Кијану Ривс кои тогаш немале ни 30 години – Speed

