10 филмови од годинешниот Филмски фестивал во Венеција што треба да ги изгледате
Мрачниот Frankenstein на Гиљермо дел Торо или, пак, The Smashing Machine кој се претпоставува дека ќе му донесе прва номинација за Оскар на Двејн Џонсон.

На годинешниот Филмски фестивал во Венеција премиерно ќе бидат прикажани над 100 филмови од целиот свет.
Во склоп на фестивалот има бројни премиери на долгометражни филмови, како и проекции на кратки филмови, документарци, но и реставрирани класици.
За главната награда – Златен лав – ќе се натпреваруваат 21 долгометражен филм, а кога се дело на реномирани режисери со врвни актерски екипи, може да биде тешко да се изберат најдобрите.
Годинава, и Македонија има свои претставници – филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска, како и филмот „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска кои секако треба да ги изгледате.
Ние ви даваме и 10 предлози од филмовите кои се натпреваруваат за главната награда:
Jay Kelly
Со Џорџ Клуни, Адам Сендлер и Лора Дерн во главните улоги, Jay Kelly е драма со примеси на комедија.
Главните ликови се познат филмски актер и неговиот менаџер кои тргнуваат на патување низ Европа.
По пат, се соочуваат со нивните животи одлуки, врските со саканите, но и она што ќе го остават за себе.
A House of Dynamite
Во режија на оскаровката Кетрин Бигелоу, A House of Dynamite е политички трилер со одлична актерска екипа – Идрис Елба и Ребека Фергусон ги гледаме во главните улоги.
Дејството е сместено во САД, каде неколку владини работници треба да се справат со потенцијална нуклеарна закана.
Frankenstein
Штом е во режија на Гиљермо дел Торо, знаете дека можете да очекувате добар филм.
Frankenstein е адаптација на истоимената книга на Мери Шели и веруваме дека дејството ви е познато.
Франкенштајн е научник кој успева да оживее суштество што самиот го создал, но набрзо сфаќа дека можеби погрешил со експериментот.
The Testament of Ann Lee
Историска драма и мјузикл, со Аманда Сејфрид во главната улога.
Дејството се фокусира на основачката на религиска секта од 18-тиот век и утопијата што им ја ветува на своите следбеници.
https://www.youtube.com/watch?v=pWA5-1vdMnE
Bugonia
Грчкиот режисер Јоргос Лантимос и актерката Ема Стон веќе се докажаа како одличен тим.
Bugonia е сатирична научнофантастична комедија во која двајца мажи опседнати со теории на заговор киднапираат директорка на голема компанија.
Тие се убедени дека таа е вонземјанин кој сака да ја уништи Земјата.
