10 филмови од годинешниот Филмски фестивал во Венеција што треба да ги изгледате
The Smashing Machine
Ова е филот за кој се шпекулира дека ќе му ја донесе првата номинација за Оскар на Двејн Џонсон.
The Smashing Machine е биографски филм кој се фокусира на поранешниот борач Марк Кер и неговиот пат до врвот.
Father Mother Sister Brother
Со Кејт Бланшет и Адам Драјвер во главните улоги, Father Mother Sister Brother е антологиска драма која е меѓу фаворитите на фестивалот.
Дејството се фокусира на членовите на семејство кои се обединуваат по многу години и се присилени да се соочат со нерешените проблеми.
Elisa
Италијанскиот филм Elisa се фокусира на жена која поминала 10 години во затвор за убиството на нејзината сестра.
Но, таа тврди дека нема никакви сеќавања за злосторството што го извршила.
Duse
Duse е биографски филм во режија на италијанскиот режисер Пјетро Марчело.
Дејството е сместено на почетокот од Првата светска војна и се фокусира на животот на некогашната актерка Елеонора Дусе.
Откако се пензионира, таа добива желба да му се врати на театарот за време на турбулентниот период во Италија.
No Other Choice
Мрачна јужнокорејска комедија каде главниот лик е маж кој мисли дека има сè – стабилна работа, сопруга, две деца и куче.
Но, целиот сон му се руши откако неочекувано добива отказ од компанијата во којашто работи.
Спирова С. | Црнобело
