10 филмови кои ќе ви помогнат да се помирите со крајот на летото

The Kings of Summer со кој ќе ги почувствувате последните денови од летото или, пак, The Edge of Seventeen кој ќе ве потсети на тинејџерските маки.

10-filmovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-pomirite-so-krajot-na-letoto01.jpg

Имаме уште некоја недела пред времето да залади и да почнеме да ги гледаме омилените есенски филмови и серии.

А, ако ви е тешко да се збогувате со летото, можеби нашите предлози ќе ви помогнат да се чувствувате подобро за овој период од годината.

10 филмови идеални за крајот на летото:

The Kings of Summer

Главните ликови се тројца пријатели кои живеат со нефункционални семејства.

Сакајќи да избегаат од таквата средина, одлучуваат да ги напуштат семејствата и да живеат изолирани во шумата.

Но, како да почнуваат да сфаќаат дека од некои работи во животот, сепак не можат да побегнат.

A Summer’s Tale

Француска романса инспирирана од вистинските животи искуства на режисерот.

Главниот лик е млад дечко кој оди на одмор во крајбрежно гратче. Додека се надева дека ќе дојде и неговата девојка, се зближува со девојка од градот, но и нејзината пријателка.

All the Real Girls

Во мал американски град, дечко кој е познат како „женкар“ се вљубува во сестрата на неговиот најдобар пријател.

Но, никој не му верува за чувствата бидејќи сите мислат дека само сака да спие со неа.

A Room with a View

Главниот лик е млада жена која додека е во Фиренца, се вљубува. Но, дома, во Англија, нејзиниот свршеник ја чека да се врати.

Иако филмот е постар, има одлична актерка екипа, како Хелена Бонам Картер и Даниел Деј Луис.

The Edge of Seventeen

Главниот лик е тинејџерка која има нарушен однос со нејзините мајка и брат, па верува дека само татко ѝ е на нејзина страна.

Но, животот ѝ станува уште покомплициран кога нејзина најдобра другарка почнува да излегува со брат ѝ.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...

Најчитани неделава