10 филмови кои ќе ви помогнат да се помирите со крајот на летото
Everybody Wants Some
Во 1980-тите, млад спортист и бруцош се вселува во заедничкиот дом на неговиот бејзбол тим.
Дејството го опфаќа последниот викенд од летото, пред почетокот на школската година.
Adventureland
Главниот лик е млад дечко кој работи во забавен парк, на позиција која смета дека нема да го однесе никаде во животот.
Но, набрзо сфаќа дека и оваа работа може да го подготви за реалниот свет.
Say Anything
Уште еден постар филм, но со одлична актерска екипа.
Летото пред да почне со студиите, млада девојка се вљубува. Но, нејзиниот татко ја тера да го остави саканиот бидејќи смета дека не е доволно добар за неа.
Little Women
Снимен според познатата истоимена книга, Little Women опфаќа период од животот на неколку сестри.
Додека се подготвуваат за светот на возрасните, тие се соочуваат со низа проблеми, а треба да донесат и важни одлуки за нивните животи.
Lady Bird
Главниот лик е бунтовна тинејџерка со сон да го освои светот.
Смета дека единствениот начин да го постигне ова е да ги остави родителите зад себе и да се запише на факултет во Њујорк.
Спирова С. | Црнобело