10 филмски адаптации на класични романи (што се исто добри колку книгите)
Nosferatu снимен според „Дракула“ од Брам Стокер, или одличниот The Great Gatsby направен според романот за Ф. Скот Фицџералд.

Не постои класичен роман кој не добил адаптација во форма на филм или серија, па и видеоигра.
Но, не значи дека вреди да ги изгледате сите овие адаптации само затоа што ја сакате книгата.
Десет адаптации на класични романи кои се исто добро колку и книгите:
Emily Brotne’s Wuthering Heights
„Оркански височини“ на Емили Бронте има неколку адаптации, а годинава ќе излезе и уште една.
За фановите на книгата, една од подобрите е филмот од 1992 година, со Жулиет Бинош и Рејф Фајнс во главните улоги.
Дејството е исто како и во книгата – Хитклиф и Кетрин, кои растат заедно, се вљубуваат ден во друг. Но, Кетрин се венча со друг маж.
Anna Karenina
Со Кира Најтли во главната улога, Anna Karenina од 2012-та е адаптација на истоимената книга од Лав Толстој.
Дејството сместено во 19-тиот век, кога младата аристократка Ана од Санкт Петерсбург почнува врска со грофот Алексеј.
The Secret Garden
Снимен според книгата „Тајната градина“ од Френсис Хоџонс Бурнет, филмот ја раскажува приказната за младо девојче кое останува сираче.
Откако го поминала целиот живот во Индија, таа се сели кај нејзиниот чичко во Англија и пробува да ги открие тајните на нејзиниот нов дом.
Emma
Со Ања Тејлор Џој и Миа Гот во главните улоги, Emma од 2020-та важи за мошне добра екранизација на книгата на Џејн Остин.
Главниот лик е Ема, девојка која се меша во љубовните животи на своите пријатели бидејќи мисли дека може да им ги најде совршените партнери.
The Great Gatsby
Филмот од 2013-та е ретко добра адаптација на книга, а главните улоги им припаѓаат на Леонардо ди Каприо и Тоби Мегваер.
Како и во романот на Фицџералд, дејството се фокусира на богаташот Џеј Гетсби и неговата љубов кон Дејзи.