10 филмски адаптации на класични романи (што се исто добри колку книгите)

Little Women

Како и останатите книги што ги спомнавме, има бројни адаптации и на книгата „Малите жени“.

Сепак, филмот од 1994-та со Винона Рајдер и Кирстен Данст е меѓу фаворитите на оние кои ја сакаат книгата.

Главните ликови се четири сестри кои по смртта на нивниот татко, пробуваат да преживеат во Америка, во периодот на Студената војна.

The Man in the Iron Mask

Уште една екранизација на класика со ди Каприо во главната улога.

Снимен според истоимената книга на Александар Дима, дејството на филот е сместено во Франција, во 17-тиот век.

Четворица мускетари кројат план да го заменат омразениот крал Луј со неговиот брат близнак, кој поминал години во зандана, со железна маска на лицето.

Pride and Prejudice

„Гордост и предрасуди“ на Џејн Остин е една од најпознатите класици, а филмот од 2005-та е исто добар колку и книгата.

Главниот лик е Елизабет Бенет, интелигентна девојка која на бал го запознава арогантниот господин Дарси. И, почнува да градат навистина неочекуван однос.

Les Miserables

Ако ја сакате „Клетници“ од Виктор Иго, нема ни да почувствувате дека мјузиклот од 2012-та трае скоро три часа.

Дејството веруваме дека ви е познато – Жан Валжан е затвореник кој побегнал од затвор, станува градоначалник и згрижува мало девојче. Но, неговото минато почнува да го демне.

Филмот има одлична актерска екипа – Хју Џекмен, Ен Хатавеј, Расел Кроу, Аманда Сејфрид…

Nosferatu

Нормално, имаме предлог и за оние кои уживаат во жанрот хорор.

Инспириран од книгата „Дракула“ на Брам Стокер, Nosferatu раскажува за опсесијата на грофот Орлок со млада девојка.

Во главните улоги ги гледаме Бил Скарсгард, Лили-Роуз Деп, Вилем Дефо, Ема Корин…

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
10 серии кои се вистинско уживање во есен (дури и по 10-тото гледање) Charmed ако сакате нешто ретро, The Fall ако сте расположени за трилер или Wedne...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
10 филмови од годинешниот Филмски фестивал во Венеција што треба да ги изгледате Мрачниот Frankenstein на Гиљермо дел Торо или, пак, The Smashing Machine кој се ...

Најчитани неделава