10 комплексни филмови за кои луѓето се преправаат дека ги разбрале (со едно гледање)
Donnie Darko и Inception кои веќе се сметаат за класика, но и релативно новиот I’m Thinking of Ending Things кој почнува ако обична драма, но брзо ескалира.

Постојат филмови чии дејства се толку комплексни, што не можете да испуштите ни една секунда ако сакате да ги разберете.
Има и филмови за кои едно гледање воопшто не е доволно за целосно да ви се разјасни што се случило.
Ваквите филмови поттикнуваат многу дебати, а некогаш и ги тераат луѓето (малку) да излажат дека ги разбрале.
10 комплексни филмови кои веројатно нема да ги разберете со едно гледање:
Tenet
Во режија на Кристофер Нолан, Tenet е научнофантастичен филм кој на уникатен начин го прикажува движењето низ времето.
Главниот лик е маж кој е на мисија да спречи идна катастрофа, но притоа настаните од минатото, сегашноста и иднината се испреплетени на начин кој може да биде тежок за следење, барем на првото гледање.
I’m Thinking of Ending Things
Главниот лик во филмот е девојка која оди на гости кај родителите на нејзиниот дечко.
Но, она што почнува како семејна драма, брзо се претвора во необична приказна која ќе ве тера да се прашувате што е реалност, а што фикција.
Дејството на филмот се одвива бавно, но сепак бара големо внимание (и неколку прегледувања) за целосно да го разберете.
Mulholland Drive
До денес Mulholland Drive на Дејвид Линч важи за еден од најкомплексните филмови, за кој некои се убедени дека воопшто нема смисла.
Дејството се фокусира на две жени, од кои едната е надежна актерка, а другата има амнезија.
Додека пробуваат да го откријат идентитет на жената со амнезија, се соочуваат со настани кои ги тераат да се сомневаат во својата реалност.
Primer
Уште еден филм со патување низ времето, но прикажано на поинаков начин.
Главните ликови се двајца мажи кои успеваат да создадат машина за патување низ времето.
Но, со секое ново патување во минатото или сегашноста, додаваат уште еден слој на комплексната приказна која набрзо станува мошне тешка за следење, дури и за самите ликови.
The Tree of Life
Експерименталната драма со Бред Пит, Шон Пен и Џесика Честејн во главните улоги спојува неколку наративи, почнувајќи од формирањето на универзумот, до приказната на семејство од Тексас во 1950-тите.
Нелинеарното раскажување на приказната, заедно со целата атмосфера на филмот, ја замаглува границата помеѓу минатото и сегашноста.