10 филмови кои ќе ве натераат да излезете од вашата комфорна зона
Captain Fantastic кој ќе ве натера да размислувате за модерниот начин на живот или, пак, Wild кој ќе ве инспирира и самите да тргнете на духовно патување.

Филмовите ги гледаме како разонода кога имаме слободно време, но тие се и медиум преку кој можеме да научиме навистина многу.
Некои филмови, пак, можат и да нè инспирираат и мотивираат да станеме најдобрата верзија од себе.
10 филмови кои сигурно ќе ве извадат од вашата комфорна зона:
Nomadland
Со Франсес Мекдорманд во главната улога, Nomadland доби Оскар за најдобар филм во 2021 година.
Главниот лик е средовечна жена која останува без работа по затворањето на фирмата во којашто работела.
Откако одлучува да остави сè зад себе, таа почнува да живее како номад, патувајќи низ западот на Америка.
Captain Fantastic
Иако на моменти контроверзен, Captain Fantastic сепак ќе ве натера да размислите за состојбата во којашто се наоѓа светот денес.
Уморни од модерното општество и начинот на живот, маж и жена одлучуваат да живеат во дивината заедно со нивните шест деца.
Но, по смртта на сопругата, мажот е присилен да размисли за начинот на којшто ќе ги воспитува своите деца.
Leave no Trace
Обработувајќи слична тема како Captain Fantastic, и Leave No Trace ќе ве замисли за модерното општество.
Главниот лик е воен ветеран со посттрауматско стресно нарушување кој со својата ќерка живее во шума.
Но, животот им тргнува во друга насока откако ќе бидат лоцирани од социјални служби.
The Motorcycle Diaries
Снимен според вистинска приказна, The Motorcycle Diaries опфаќа период од животот на Ернесто Че Гевара.
Во 1950-тите, тогаш младиот Че Гевара, заедно со уште еден пријател, тргнува на пат со мотоцикл низ Јужна Америка.
Почнувајќи како забавна авантура, целото патување го трансформира како личност.
Eat Pray Love
Ако сакате да читате, веруваме дека не сте ја одминале „Јади, моли се, уживај“, а можеби сте го изгледале и филмот. Доколку не, сега вреди да му дадете шанса.
Снимен според книгата на Елизабет Гилберт, филмот со Џулија Робертс во главната улога го прикажува духовното будење на авторката.
По болниот развод, таа тргнува на патување во Италија, Индија и Бали каде пробува да се пронајде себеси.