10 филмови кои ќе ве натераат да излезете од вашата комфорна зона

Away We Go

Away We Go е романтична комедија што може да биде инспирација за секој пар.

Главните ликови се сопружници кои го очекуваат нивното прво дете.

Пред да се роди, тргнуваат на пат низ САД со една цел – да го најдат нивниот совршен дом.

One Week

Уште еден филм со патување со мотоцикл инспириран од вистинска приказна, но од малку поинаква перспектива

Главниот лик е Бен Тајлер, млад маж кој е дијагностициран со рак.

Но, наместо да оди на третман, купува мотоцикл со цел да патува низ Канада и да најде некакво значење во својот живот.

The Way Back

Инспириран од мемоарите на полски поручник, The Way Back е потресен филм, но кој ќе ве инспирира.

Главниот лик е воен затвореник во советски гулаг на студениот Сибир, каде треба да одлежи 20-годишна казна.

Со група затвореници, успева да избега од затворот, но пред навистина да бидат слободни, ги чека патување долго над 1.000 километри, без никакво превозно средство.

Wild

И, уште еден филм снимен според вистинска приказна за себепронаоѓање.

Рис Витерспун ја глуми Шерил, неодамна разведена жена која бара смисла во нејзиниот живот.

Без практично никакво искуство, одлучува да ја изоди патеката позната како Pacific Crest Trail, долга над 1.700 километри.

The Way

И The Way е филм снимен според висинска приказна, но за разлика од останатите на листата, има и доза комедија.

Главниот лик е маж чиј син починал додека бил на аџилак. Со цел да го врати неговото тело дома, таткото тргнува на пат каде открива нова смисла на својот живот.

Главните улоги им припаѓаат на Мартин Шин и Емилио Естевез.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
Гол маж на сцената, легендарната шлаканица: Најконтроверзните моменти на Оскарите низ историјата Во 1973-та, Марлон Брандо одби да си ја земе статуетката, следната година гол ма...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...

Најчитани неделава