10 комплексни филмови за кои луѓето се преправаат дека ги разбрале (со едно гледање)
The Fountain
Епската научно фантастична драма во режија на Дарен Аронофски раскажува три паралелни приказни, сместени во различни периоди, но кои сепак се поврзани.
И ова е филм со нелинеарно дејство, чии приказни се сместени во 16-тиот век, сегашноста, и 26-тиот век во иднината.
Комбинацијата од научна фантастика и историска фантазија дополнително го отежнува следењето на дејството.
Upstream Color
Главните ликови во Upstream Color се два лика кои се жртви на мистериозен паразит кој им ги менува сеќавањата и перцепцијата.
Нивните животи се испреплетени, па тие пробуваат да се разбираат самите себеси и врската што ја делат.
Повторно станува збор за фил со нелинеарна структура, а бидејќи ликовите не објаснуваат ништо што се случува, може да биде проблематично да се сфати целото дејство.
Coherence
Целото дејство на Coherence се случува за време на вечерна прослава, во период кога комета поминува на небото.
Како што одминува вечерта, групата пријатели почнува да се соочува со сè почудни и почудни работи, што ги тера да се сомневаат во реалноста.
Интересно е и што самите актери добивале минимални информации пред снимањето на секоја цена, па на доста од нив, реакциите им се вистински, а не глума.
Inception
Едно од најпознатите дела на Кристофер Нолан всушност ги направи комплексните филмови „мејнстрим“.
Лесно е да ја разберете главната идеја зад приказната, каде ликовите влегуваат во туѓ сон за да всадат идеја.
Но, со текот на времето нема да ви биде најјасно што е реалност, а што сон за ликовите.
Donnie Darko
Со Џејк Џиленхол во главната улога, Donnie Darko веќе важи за класика, а и ова е филм со елементи како патување низ времето и паралелни универзуми.
Главниот лик е Дони Дарко, тинејџер кој дознава дека светот ќе заврши за 28 дена, 6 часа и 42 минути.
Самиот филм остава простор за многу толкувања за тоа што навистина се случило (или ќе се случи).
Спирова С. | Црнобело