10 филмови од Канскиот филмски фестивал што не треба да ги пропуштите годинава
Шпанската драма The Beloved со Хавиер Бардем во главната улога, или новиот филм на легендарниот Педро Алмодовар, Bitter Christmas – конкуренцијата на годинашниот Кански филмски фестивал навистина е голема.

Додека на Оскарите се наградуваат најдобрите филмови од претходната година, на Канскиот филмски фестивал премиерно се прикажуваат филмовите кои имаат потенцијал да бидат меѓу најдобрите во претстојната година.
Некои филмови се натпреваруваат за главната награда, Златна палма, која важи за една од најпрестижните во филмската индустрија.
Се доделуваат и награди во други категории, слично како на Оскарите – за најдобар режисер, најдобра актерка и актер, најдобро сценарио…
Останатите, пак, се дел од специјалната селекција и имаат своја проекција во склоп на фестивалот.
Годинава фестивалот завршува на 23-ти мај, а веќе има фаворити од филмовите што беа прикажани.
Десет од најдобрите филмови на годинашниот Кански филмски фестивал:
All of a Sudden
Главниот лик е директорка на дом за болни лица во Париз која пробува да воведе нова техника за негување, но се соочува со отпор.
Животот целосно ѝ се менува кога запознава писателка од Јапонија која е смртно болна.
The Beloved
Со Хавиер Бардем во главната улога, The Beloved е шпанска драма.
Дејството се фокусира на односот на познат филмски режисер и неговата ќерка која е актерка.
По многу години, тие се обединуваат за заедно да работат на филм.
Club Kid
Club Kid е спој на драма и комедија, а во една од главните улога ја гледаме и Кара Делавињ.
Главниот лик е Питер, некогашен промотор на забави и прослави кој дознава дека има десетгодишен син.
Животот му се менува од корен бидејќи мора да се грижи за него.
Fjord
Дејството е сместено во далечно норвешко село каде новодоселени мажи и жена се зближуваат со локално семејство.
Кога мажот и жената, заедно со нивните деца, се обвинети за вознемирувачко однесување, настанува хаос.
Hope
Hope е научнофантастичен трилер од Јужна Кореја.
Дејството е сместено во изолирано село кое се наоѓа во демилитаризирано подрачје.
Кога во селото се појавува тигар, локалниот полициски офицер почнува истрага која постепено се претвора во застрашувачка мистерија.