10 филмови од Канскиот филмски фестивал што не треба да ги пропуштите годинава
Paper Tiger
Со Адам Драјвер и Скарлет Јохансон, Paper Tiger е крими драма која доби многу позитивни критики.
Главните ликови се двајца браќа кои пробуваат да го остварат „американскиот сон“, но се вплеткуваат со руска мафија која почнува да го тероризира нивното семејство.
Sheep in the Box
Уште еден научнофантастичен филм, овој пат од јапонски режисер.
Главните ликови се маж и жена чие дете умира. Пробувајќи да се справат со болката, тие „посвојуваат“ хуманоиден робот кој личи на дете.
https://www.youtube.com/watch?v=g9B_DOrir-s
Parallel Tales
Главниот лик во француската драма Parallel Tales e позната писателка.
За нејзината нова книга, таа бара инспирација кај нејзини соседи, а во меѓувреме најмува и нов мистериозен асистент по што животот целосно ѝ се менува.
Coward
Дејството на воената драма е сместено во 1916-та, за време на Втората светска војна.
Главните ликови се неколку војници на белгискиот фронт кои пробуваат да останат оптимисти, и покрај нивните околности.
Bitter Christmas
Во режија на легендарниот Педро Алмодовар, Bitter Christmas е шпанска трагикомедија.
Филмот следи две дејства – едно во 2026-та и едно во 2004-та – кои суптилно се спојуваат во едно.
Едната приказна е за писател и режисер кој се соочува со креативен блок, а другата е за жена која минува низ тежок период од животот.
Спирова С. | Црнобело