10 забавни понови филмови што ќе ви ја разгорат желбата за авантура

Последното продолжение од Indiana Jones, Free Guy каде главниот лик е лик од игра, како и оскаровецот Everything Everywhere All at Once – која авантура ќе ја гледате?

10-zabavni-ponovi-filmovi-shto-kje-vi-ja-razgorat-zhelbata-za-avantura-01.jpg

Летото е време на авантури, а ако уште ја чекате вашата или годинава немате можност за тоа, авантуристичките филмови можат да ви бидат одлично бегство.

Десет понови авантуристички филмови што сигурно ќе ви се допаднат:

The Lost City

Главниот лик е Лорета, некогашна археолошка истражувачка која сега пишува романси.

Откако ексцентричен милијардер ја киднапира за да му помогне да најде скриено богатство, машки модел пробува да ја спаси.

Филмот има навистина добра актерска екипа – Сандра Булок, Ченинг Тејтум, па и Даниел Редклиф.

Jungle Cruise

Млада истражувачка се здружува со нејзиниот брат и уште еден маж со цел да најде мистично дрво во амазонската прашума.

Но, во џунглата мора да се соочат со злобни суштества кои самите сакаат да допрат до дрвото.

Главните улоги им припаѓаат на Емили Блант, Двејн Џонсон и Џек Вајтхол.

Elevation

Во постапокалиптичен свет, група луѓе живеат во планина, на голема надморска височина, бидејќи само тука се безбедни од огромните чудовишта кои го уништиле светот.

Кога еден од нив се разболува, мораат да се спуштат во опасната зона за да успеат да го спасат.

Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves

Снимен според популарната друштвена игра, главниот лик во Dungeons & Dragons е шармантен крадец.

Заедно со необична група пријатели, тој тргнува на авантура за да најде стара реликвија, но работите не одат по план.

Everything Everywhere All at Once

Во забавниот оскаровец, главниот лик е средовечна жена која тргнува на луда авантура.

Одеднаш нејзината задача станува да го спаси постоењето на сè, така што ги истражува другите универзуми и животите што би можела да ги живее.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10-те најпопуларни (и најдобри) филмови од 2025-та, според IMDb Хорор-филмови, акциона комедија со Леонардо ди Каприо, но и одличната адаптација...

Најчитани неделава