10 забавни понови филмови што ќе ви ја разгорат желбата за авантура
Free Guy
Со Рајан Рејнолдс во главната улога, Free Guy е приказна за банкар кој живее мирен и едноставен живот.
Кога сретнува мистериозна жена, сфаќа дека тој е всушност неважен лик во огромна онлајн игра.
Па, пробува да најде начин да излезе од неа.
Ghostbusters: Afterlife
Во сиквелот на легендарниот Ghostbusters, главните ликови се две деца и нивната самохрана мајка кои се вселуваат во нова куќа.
Како што се привикнуваат на новиот живот, почнуваат да сфаќаат дека имаа поврзаност со оригиналните „истерувачи на духови“.
Love and Monsters
Дејството на филмот е сместено седум години по апокалипса, кога целото човештво живее под земја.
Главниот лик е млад дечко кој преку радио стапува во контакт со неговата девојка од средно, па тргнува на авантура да ја најде.
The Adam Project
Повторно со Рајан Рејнолдс во главната улога, дејството на The Adam Project се фокусира на пилот кој патува низ времето.
Откако се враќа во 2022-ра, тој се здружува со својата 12-годишна верзија за да ја спаси иднината.
Indiana Jones and the Dial of Destiny
Во последното продолжение од Indiana Jones, познатиот археолог пробува да најде артефакт кој може да ја промени историјата.
Но, мора да се соочи и со поранешен нацист кој сега работи за НАСА.
Спирова С. | Црнобело