Најубавите филмови со танцување

Филмовите за танцување воодушевуваат веќе долги години, силно ни ги пренесуваат емоциите, страста и желбата за танцување.

najubavite-filmovi-za-tancuvanje-01

Од хип-хоп, преку балет, до класични танци, следниве неколку филмови се вечни класици кои не уверуваат дека во танцувањето можеме да уживаме и покрај тоа што не сме дел од подиумот.


Saturday Night Fever

Деветнаесет годишно момче, кое го игра неодоливиот Џон Траволта, живее за една луда ноќ и станува крал на подиумот, што му помага да побегне од секојдневните проблеми. Тој и неговите пријатели сонуваат за подобар живот и успех во танцот како уметност. Прекрасна приказна која зборува за страстите на човек спрема танцот и неговото значење во животот.

najubavite-filmovi-za-tancuvanje-1

Dirty Dancing

Можеби најголемото дело на филмското платно во текот на осумдесеттите, каде Патрик Свејзи и Џенифер Греј се надминуваат себе си на подиумот. Една наивна девојка која сосема случајно ги поминува празниците близу местото каде што се одржуваат часови по танц, го среќава Џони, инструктор по танц. Џони е нејзината прва љубов, а таа за многу кратко е маѓепсана од ритамот.

najubavite-filmovi-za-tancuvanje-2


Step Up

Уште една интересна љубовна приказна која ја започнуваат Тајлер и Нора. Тајлер е бунтовник, додека Нора е класична балерина. Нивната љубов повторно почнува на подиумот. Животот на овие млади сосема се менува по нивната заедничка кореографија која содржи звуци од модерната музика, рапот и хип-хопот.

najubavite-filmovi-za-tancuvanje-3

Footloose

Ова е еден од филмовите кои многу средношколци поттикна да осмислат уникатен танц за матурската вечер. Кога тинејџерот Кевин Бејкон се сели во мала средина каде што танцот и рок музиката се предмет за исмевање, се соочува со животен предизвик. Тој успева да го раздрма целиот подиум и сите оние кои не веруваа во моќта на танцот.

najubavite-filmovi-za-tancuvanje-4

Hairspray

Вистинска ретко романтична комедија. Трејси Турнблад е девојка со огромна коса и исто толкаво срце чие единствена страст е играта и танцувањето. Нејзиниот сон е да настапува во Корни Колинс шоуто, но има еден мал проблем – нејзината фигура се разликува од останатите врсници. Но, тоа нема да ја запре. Таа е уверена е дека е родена за да танцува. За многу кратко време таа воодушевува со упорноста и талентот.

najubavite-filmovi-za-tancuvanje-5

Billy Elliot

Животна приказна за едно единаесет годишно момче кое обожава балет. Единствениот проблем е неговиот татко коj не го поддржува и единствено нешто што посакува е да го вклучи во некој машки спорт. Малото момче тајно започнува да оди на часови по балет и не само што покажува дека има талент, туку и дека е доволно силен да ги оствари своите соништа.

najubavite-filmovi-za-tancuvanje-6

Кој е вашиот омилен?

Би можело да ве интересира:

10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...
Го гледав филмот за Џеј – Три дена подоцна, сѐ уште сум под импресии Ова не е музичка биографија на Џеј, ова е приказна за неговото детство, за тоа к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg