Филмски викенд: Секс и Драма

Овие филмови не се романтични комедии, или романтични драми, па затоа предупредувам на самиот почеток да немате високи очекувања. Филмовите раскажуваат тешки приказни што се поврзани со секс.

filmski-vikend-seks-i-drama-01

Ако не се љубители на бавни драми тогаш најверојатно ниеден од овие филмови не е за вас. Но, ако сакате да научите нешто, да размислувате или сакате да гледате нешто поинакво, тогаш ова се филмови за вас.

Првиот раскажува за вистинска приказна за еден тежок инвалид што сака да има секс, вториот е изместена верзија на приказната за заспаната убавица, а третиот е средношколска драма за љубовните односи на една средношколка.

Уживајте во овој филмски викенд!


The Sessions (2012)

filmski-vikend-seks-i-drama-2

Филмот раскажува за вистински човек, и за настани што навистина се случиле. Имено, Марк е тежок инвалид, може да ги мрда само мускулите на главата.

Не може ни сам да дише и поради тоа цел живот го поминува во машина што дише наместо него. Сега тој има 36 години, сè уште е девица и решава дека сака да има секс.

Во тоа му помагаат неговите негуватели, неговиот поп и се разбира неговата секс терапевтка што е специјализирана за вакви случаи.

Навистина интересен филм, кој иако на моменти ќе ве натера да се чувствувате незгодно, сепак ќе ве насмее и трогне истовремено.

Актерите се одлични, а приказната интересна. Филмот го нема тоа холивудско високо- буџетно чувство, но на овој начин филмот се доживува поинтимно.

Режија: Ben Lewin
Глума: John Hawkes, Helen Hunt, William H. Macy


Sleeping Beauty (2011)

filmski-vikend-seks-i-drama-1

Централен лик е Луси, млада студентка која живее несредено, а се издржува со тоа што работи милион работи паралелно.

Една од работите се состои во тоа да послужува стари мажи во осудна облека. За екстра заработка, таа се согласува да биде дрогирана и да лежи гола во кревет со еден од тие мажи.

Се разбира има правила, а тоа е нема пенетрација. Но, додека таа лежи издрогирано, мажите си прават што сакаат со неа и всушност откриваме дека тие се тажни импотентни суштества кои очигледно имаат пари да се чувствуваат доминатно барем некаде.

Ставот на Луси за целата оваа ситуација е неодреден и е оставен на гледачот сам да дојде до заклучоци.

Се надевам ако некој од вас го погледне ќе искоментира подоле за дали ви се допаднал овој филм. Знам дека мене со денови ме прогонуваше. Навистина интересен филм.

Режија: Julia Leigh
Глума: Emily Browning, Rachael Blake, Ewen Leslie


Daydream Nation (2010)

filmski-vikend-seks-i-drama-3

За крај малку поконзерватиен филм. Се зборува за една средношколка која се преселува во помал град и во почнува да учи во ново средно училиште.

Керолајн збеснува во ова мало градче, каде сите или се дрогираат, или се замараат со локалниот сериски убиец.

Таа се бара себе си, и поради причини што се разбирливи само за тинејџерите, а најверојатно од досадна, започнува сериозна љубовна афера со нејзиниот професор.

Паралелно започнува врска и со еден нејзин сокласник. Филмот е откачен, смешен, секси, интересен и невообичаен. Визуелно фантастичен со одлични дијалози.

Главната актерка е феноменална и ова е еден од филмовите што ја лансира како ѕвезда.

Режија: Michael Goldbach
Глума: Kat Dennings, Reece Thompson, Andie MacDowell, Josh Lucas

И. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg