Филмски викенд: Криминалистички Акции

За овој убав сончев викенд ви спремивме три лесни акциони филмчиња што ќе ве забавуваат и насмеат. Лесни се за конзумирање и само можат да ви го подигнат расположението. Филмови со интересни приказни, врвни холивудски актери и одлични акцони сцени.

filmski-vikend-kriminalisticki-akcii-01

Уживајте во овој филмски викенд!


Jack Reacher (2012)

filmski-vikend-kriminalisticki-akcii-1

После подолго време на сцената се појавува Том Круз, кој разбирливо и во овој филм (кој патем сам си го продуцираше, читај плати) глуми слична улога како од неговите други филмови.

Филмов ме изненади со приказната, очекував многу поплитка приказна и непостоечка глума. Ако сме искрени има по некоја мана, ама општо е навистина одличен.

Акциона криминалистичка процедурана драма каде дејствието го носат еден опасен дечко и една згодна адвокатка. Тие пробуваат да откријат што се случило на местото на злосторот.

Дали обвинетитот навистина тоа го направил или некој пробува да го намести?

Режија: Christopher McQuarrie
Глума: Tom Cruise, Rosamund Pike, Richard Jenkins


Gangster Squad (2013)

filmski-vikend-kriminalisticki-akcii-2

Додека го гледав филмов не знаев дали гледав екранизација на едно старо време, или стрип сместен во 40тите години. Приказната е интересна, до некаде херојска, да не речам супер-херојска.

Дијалозите се фантастични, остар и двосмислен хумор, сместен низ фино склопени едноставно кратки реченици.

Се раскажува за група цајкани кои ќе пробаат да го отстранат најголемиот мафијаш во Лос Анџелес.

Тие не оперираат под закрилата на полицијата, туку дејствуаат организирано на своја рака како одмаздници. Супер филмче, на секој би му го препорачала.

Иако постерот и описот можеби звучат досадно, филмот е навистина одличен. Плус, Рајан Гослинг.

Режија: Ruben Fleischer
Глума: Sean Penn, Ryan Gosling, Emma Stone


Red (2010)

filmski-vikend-kriminalisticki-akcii-3

Се раскажува за животот на Френк, кој е прилично не интересен, да не речам досаден. Единствена занимација му се повиците кон службата за поплаки каде на истата женско се жали дека му касни пензијата.

Тој е специјална категорија пензионери: RED (Retired Extremely Dangerous), или на нашки, пензиониран ама екстремно опасен.

Но, вистината е дека не му касни пензијата туку сака да разговара со неа. Кога некои луѓе од неговото минато ќе се вратат и ќе му го закомплицираат животот, тој мора да го собере својот стар тим и да се бори за себе.

Неговиот тим, кој се состои со врвни агенти и шпиуни, додуше сите пензионирани како него.

Супер интересен филм, кој покрај акција има доста комични елементи и ќе се смеете од се срце. Нема човек на кој не би му се допаднал филмов.

Режија: Robert Schwentke
Глума: Bruce Willis, Mary-Louise Parker, Morgan Freeman

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...
Култни филмови кои ќе беа сосема поразлични ако имаа друга актерска екипа (фото) Го замислувате ли Кевин од „Home Alone“ како Хари Потер? Или Сандра Булок намест...
Штркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн – премиера на филмот на Тамара Котевска Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера ...
10 (морничави) филмови за мистериозни тајни друштва и култови Некои веруваат дека последниот филм на Стенли Кјубрик, Eyes Wide Shut, е снимен ...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg