Филмови кои со нетрпение ги очекуваме во 2014та

На самиот почеток на оваа година беа најавени големи филмски остварувања, кои своите премиери ќе ги добијат баш во текот на 2014та.

predlog-filmovi-koi-vredi-da-gi-poglednete-vo-2014-godina-01

Лоши филмови речиси и да нема најавено, па затоа веруваме дека оваа година борбата за награди и номинации ќе биде поголема од било кога.

На време ве советуваме, еве кои датуми вреди да си ги запишете во филмскиот календар:

1.The Monuments Men

Возбудливата приказна е за група војници кои го пронашле, спасиле и сочувале непроценетото уметничко богатство и наследството на човештвото. Се одвива за време на Втората светска војна и никако нема да ги разочара љубителите на историските филмови со голем број на познати актери.

На филмските платна за прв пат ќе биде прикажан на 20 февруари.


2. The Grand Hotel Budapest

Сакате по малку чудни филмови? Феноменалната актерска екипа создаде урнебесна црна комедија која ќе мора да ја погледнете. Дејството на филмот се одвива во славен европски хотел во време помеѓу две војни, а ја прераскажува приказната за авантурите на легендарниот вратар Густав и детенцето по име Зеро Мустафа кое помага во хотелот.

Забавната приказна е достапна од 13 март оваа година.


3. Muppets Most Wanted

За најмладите, во 2014 година ќе излезе еден од најдобрите анимирани детски филмови со куклите од Мапет Шоу. Кермит ќе биде прогласен за најголем криминалец во светот, а брканицата и преплетот на настаните кои настанува, дефинитивно ќе ви го задржи вниманието.

Официјалниот трејлер беше објавен во ноември минатата година, а на 21 март ќе биде премиерно прикажан.


4. Divergent

Ако Самрак сагата полека ви здосадува, оваа возбудлива трилогија е следниот избор на кој буквално ќе се навлечете. Дејството се одвива во иднината, во Чикаго, каде сите 16-годишни деца ќе мораат да положат бизарен тест кој ги дели во 5 групи. Но, проблемот настанува кога некој од нив одговара во повеќе од една група. Интересен предизвик за сите кои сакаат тинејџерски драми.

Премиерата е закажана за 21 март оваа година.


5. Maleficent 

Овој филм е најавен како најтемното, но најсензационалното филмско остварување кое со нетрпение го очекуваат сите вљубеници во делата на Волт Дизни. Во него главна улога има Анџелина Џоли, која толкува злобен антагонист кој ја прогонува Трнорушка.

Доколку сте заинтересирани за вакво нешто, тогаш одбележете го 30 март на филмскиот календар.


6. Interstellar

Ако минатата година се заљубивте во Gravity, оваа година Interstellar нека биде првиот избор кој ќе го направите во 2014та. Неговата содржина е потполно таинствена, само познато е дека се работи за група истражувачи кои се обидуваат да патуваат низ просторот.

Најавниот трејлер открива доволно за да не заинтригира, а премиерата е закажана за 7 ноември.

Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg