Филмски викенд: Снежни класици кои не смее да ги пропуштите

Викендов сигурни сме дека нема да бидете воодушевени од минусните температури и ледени снегулки, па затоа стоплете се и студеното време преместете го на екранот.

filmski-vikend-snezni-klasici-koi-ne-smee-da-gi-propustite-01

Уживајте во 10те најдобри снежни филмски класици кои за жал сте ги пропушиле.

Happy Feet

Ако сте поинакви, тоа не значи дека не сте добри - лекција која ја учиме од малиот пресладок пингвин Мамбл кој упорно се труди да го пронајде своето место во јатото. Анимиран филм составен од многу забавни авантури, кој дефинитивно вреди да го погледнете во друштво на најмилите.


Hot Tub Time Machine

На одморот за скијање очекуваме добар помин, а оваа група средовечни пријатели добива многу повеќе од тоа. Со помош на џакузи временската машина, за прв пат овие мажи имаат шанса да се вратат во младоста. А како по втор пат ќе ја преживеат? Вреди да откриете.


Serendipity

Кејт Бекинсејл и Џон Кјузак се запознаваат за време на божиќната гужва во Њујорк, а кога доаѓа време за разделба, следниот состанок и го препуштаат на судбината. Барем за кратко, побегнете од реалноста со оваа романтична зимска приказна.


Planes, Trains and Automobiles

Сигурно сте се нашле во ситуација кога сте патувале со некој кој страшно ве иритира и нервира. А, како во тоа се снајде Стив Мартин во улогата на Нил Пејџ, погледнете во ретро комедијата од 1987 година.


Frozen

Уште еден анимиран филм кој во последно време ги воодушевува најмладите, но и оние кои упорно одбиваат да пораснат. Ана, нескротливиот оптимист е единствената која се бори против заробеното кралство, која за многу кратко ќе прерасне во ваша животна инспирација.


Hanna

Серше Ронан ја глуми Хана, тинејџерка која расте како војник со својот татко во замрзната дивина. Штом остане сама, сите нејзини вештини доаѓаат до израз, а токму тие нема да ве натераат да трепнете додека го гледате ова одлично филмско остварување.


The Grey

Во возбудливиот трејлер Лиам Нисон предводи група несреќни патници кои се соочиле со пад на авион. Немилосрдните температури и гладните волци во срцето на Алјаска се она што ќе ги привлече најголемите авантуристи. Доколку вашата зимска идила треба да содржи малку напнатост, The Grey е филм кој не смее да го пропуштите.

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg