6 филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен

Оваа сезона се очекуваат филмови кои ќе бидат прилично интересни за гледање. Некои од нив ќе ја доживеат својата премиера наскоро, со самото почнување на есента, па затоа вреди да ги изгледате трејлерите.

6-filmovi-koi-ne-treba-da-gi-propustite-ovaa-esen-01.jpg

Ова се 6-те филмови кои не смеете да ги пропуштите:


1. „The Intern“

Ако ви се допаѓање „The Devil Wears Prada“, тогаш со сигурност ќе ви се допаѓа и овој филм. Во него не само што ја имате истата актерка, туку и слична приказна која покажува како е светот на модата.


2. „Stonewall“

Драма за млад човек кој станува политички свесен и расте во време кога луѓето постојано се бунтуваат против општественото уредување и случувањата на Стоунвол кои Американците добро ги паметат.


3. „Labyrinth of Lies“

Овој филм ја раскажува приказната за лагите и конспирациите кои ги правеле германските институции и владата за да ги прикријат криминалните дела на Нацистите за време на Втората светска војна.


4. „A Brave Heart: The Lizzie Velasquez Story“

Документарец кој ја следи приказната на Лизи Веласкез и нејзината мисија да ги инспирира и мотивира луѓето ширум светот. Приказната за оваа жена можеби веќе ни е позната, но во овој филм ќе имате можност подетално да го видите нејзиниот свет.


5. „99 Homes“

Овој филм е приказна за татко кој се бори да се врати и биде со своето семејство, но е спречен од неговиот работодавач – безмилосен агент за недвижнини. Драма која ги доловува фрустрациите на секојдневниот живот.


6. „Mississippi Grind“

Гери заедно со млад покер играч Куртис решава да си ја промени својата среќа во коцкањето. Двајцата заминуваат на патување кон Југот за да го врати она што веќе го изгубил.

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg