10 филмови кои вреди да ги изгледате пред Оскарите

Се наближува денот кога ќе се одржат 88-те Оскари и додека повеќето од филмовите кои се номинирани за најдобар филм ни се добро познати, како и фактот дека сите очекуваме Леонардо ди Каприо да ја освои титулата најдобар актер.

10-pomalku-poznati-filmovi-koi-vredi-da-gi-izgledate-pred-oskarite-01.jpg

Но, постојат неколку помалку познати филмови кои се најдоа на листата на номинации, а веројатно не сте имале можност да ги погледнете.

Пред почетокот на Оскарите во недела, погледнете ги:

1. „Room“

Од 8-те филмови кои оваа година се номинирани за најдобар филм, веројатно најмалку познат ви е „Room“. Станува збор за 5-годишниот Џек кој заедно со својата мајка бегаат од затворената средина во која живееле целиот свој живот, за подоцна да дојде до интересно откритие.


2. „Carol“

Единствениот филм за кој многу критичари се зачудени зошто не се најде на листата на номинирани за најдобар филм е „Carol“, кој се чинеше дека е направен специјално за да блесне на Оскарите. Станува збор за фотографка која развива интимна врска со постара жена.


3. „Trumbo“

Уште еден помалку познат филм за чија глума Брајан Кранстон е номиниран за најдобар актер во главна улога. Приказната се одвива во 1947-та година кога Далтон Трамбо бил еден од најдобрите сценаристи, кој заедно со уште неколку актери бил затворен поради своите политички верувања.


4. „The Danish Girl“

Ова е филмот благодарение на кој Еди Редмејн уште еднаш е номиниран за најдобар актер во главна улога. Фиктивна љубовна приказна која е инспирирана од животот на данските уметници Лили Елбе и Герда Вегнер.


5. „Ex-Machina“

Ако овој филм заборавивте да го изгледате во 2015-та година, топло ви препорачуваме да го погледнете. Млад програмер е одбран да учествува во тестирањето на робот.

Уште 5 предлози на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови со сериски убијци од кои ќе ве полазат морници Ако сакате филм инспириран од вистинска приказна, изгледајте го From Hell. Ако, ...
10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2024 American Fiction, Maestro, Killers of the Flower Moon … Колку од номинираните фи...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10-те најгуглани филмови и серии за 2023-та (кои вреди да се изгледаат) Второто продолжение од Avatar е еден од „најгугланите“ филмови за 2023-та, додек...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg