20 најдобро рангирани филмови според гледачите

Сте се запрашале некогаш зошто оцените за филмовите од страна на критичарите се многу поинакви од оцените на гледачите?

20-najdobro-rangirani-filmovi-spored-gledacite-01.jpg

Можеби одговорот се крие во тоа што гледачите го перципираат филмот како една целина и не се концентрираат на определени ситници...

Ова е изборот од 20 филмови кои според гледачите се најдоброто од филмската индустрија:

1. „Inception“

Дом Коб не е обичен крадец. Тој поседува ретка способност да влезе во соништата на луѓето и да украде тајни од нивната свест. Но, дали и тој е предмет на иста таква кражба?

2. „The Thing“

Група американски научници спроведуваат истражување во далечна област на Антарктикот и наидуваат на суштество кое ја презема формата на жртвите откако ќе ги нападне. Вреди да се спомне дека филмот е снимен без додавање визуелни ефекти.

3. „Whiplash“

Ендру Нејман сонува да стане најголемиот музичар на своето време. Амбициозното момче е откриено од познат џез учител прочуен по неговите ужасни методи на подучување.

4. „The Silence of the Lambs“

Вистинско ремек-дело од областа на психолошкиот хорор. Сценариото, актерите и продукцијата имаат само една цел: да ја држат во напнатост и неизвесност публиката од почетокот до самиот крај.

5. „The Matrix“

Трилогијата „Matrix“ како револуционерно дело во областа на научната фантастика, се осврнува на некои сериозни проблеми со кои се соочуваме и денес. Филмот има една јасна порака: и покрај тоа што живееме во време на компјутери, луѓето не се машини.

6. „The Good, the Bad, and the Ugly“

Мистериозен странец талка за време на Граѓанската војна. Нема дом, пријатели или родители сè додека не сретне двајца ловци на награди и создаде непријатен сојуз со нив.

7. „City of God“

Филмот ја следи 30-годишната приказна за „Градот на Господ“, едно од најсиромашните соседства во Рио де Жанеиро. Местото навистина постои, а исто така и приказните, кои претрпеле извесни адаптации со цел да одговараат за прикажување на големиот екран.

8. „12 Angry Men“

Овој филм со неколку номинации за „Оскар“ во повеќе категории е дел од листата на најдобри и најинспиративни филмови во изминатите 100 години.

9. „The Help“

Извонредно искрена приказна за тоа како живееле афроамериканските жени во Мисисипи во ’60-тите години во семејствата на белците во функција на помошнички.

10. „The Shawshank Redemption“

Успешен банкар е обвинет за убиство на неговата жена и нејзиниот љубовник и е осуден на доживотна казна. Во затворот тој се соочува со бруталноста и насилството на затворскиот живот, навикнувајќи се на новите услови и подготвувајќи план за бегство.

Уште 10 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Вирално видео од Оскарите - Глен Клоуз ја возвишува Македонија и филмот „Пред дождот“ „Јасно е дека Македонија е многу стара земја и дека многу работи се имаат случен...
10 филмови и серии кои ќе ви разбудат носталгија Дали сонувавте да имате моќ како Пру, Пејџ и Фиби од Charmed? А, дали се сеќават...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg