10 филмови кои совршено ја отсликуваат моќта на сестринската љубов

Љубовта доаѓа во многу облици, но онаа помеѓу сестрите е исклучителна – нежна, но и разорно моќна истовремено. 

10-filmovi-koi-sovrseno-ja-otslikuvaat-mokjta-na-sestrinkata-ljubov-01.jpg

Сестрата е многу повеќе од само роднинска поврзаност – таа е истовремено и најдобра другарка, чувар на вашите тајни и вечна заштитничка.

Овие 10 филмови совршено ја илустрираат сестринската љубов, па предлагаме да погледнете еден или неколку од нив во друштво на вашата сестра со многу чоколада, пуканки или добро вино.

Уживајте во филмската вечер посветена на сестрите:

Practical Magic (1998)

Две сестри со дијаметрално спротивни карактери се вклучени во истата мисија зачинета со многу хумор и магија: Да го пронајдат совршениот маж за едната од нив.

The Parent Trap (1998)

Приказна која неодоливо потсетува на детската книга „Двојната Лота“ нѐ носи низ авантурите на двете сестрички-близначки кои случајно ќе се пронајдат, а потоа одлучуваат да си ги заменат местата.

In America (2002)

Ирско семејство кое имигрира во Америка во потрага по исполнување на „американскиот сон“, уште еднаш ја потврдува вистината дека сите препреки можат полесно да се поминат со љубовта на семејството.

The Other Boleyn Girl (2008)

Филмот инспириран според вистински настани ја покажува суровата страна кога се работи за сестринската љубов, во моментот кога ќе се вмеша маж помеѓу нив, во случајов - Кралот Хенри VIII.

Little Women (1994)

Топла приказна за четирите сестри Марч и нивните авантури, работен според новелата на Луиза Меј Алкот.

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg