10 напнати филмови кои ќе ве држат залепени за мониторот

Постојат филмови во кои можете комплетно да потонете и да заборавите на реалноста околу вас до самиот крај. Таквите филмови заслужуваат да ги погледнете не само еднаш, туку повеќепати.

10-intenzivni-filmovi-koi-kje-ve-drzat-zalepeni-za-monitorot-01.jpg

Филмови кои сме сигурни дека ќе ги гледате одново и одново, затоа што ќе ве држат залепени пред мониторот:

1. „The Lives of Others“

Во главните улоги: Улрих Му, Себастијан Кох, Мартина Гедек

IMDb рејтинг: 8.5

Популарен писател и сценарист би го поминал целиот свој живот пред камерите, ако не се проблемите заради љубовната афера со позната актерка. Толку славна, што тој нема да остане незабележан од моќен, таен агент.

2. „This Must Be the Place“

Во главните улоги: Шон Пен, Френсис Мекдорманд, Олвен Фуере

IMDb рејтинг:  6.7

Пензиониран рок пејач решава од здодевност да пронајде поранешен нацистички воен криминалец кој се крие во Америка и кој е одговорен за нарушувањето на достоинството на неговиот неодамна починат татко.

https://www.youtube.com/watch?v=q0ryRwKkKI4

3. „Remember“

Во главните улоги: Кристофер Пламер, Мартин Ландау

IMDb рејтинг: 7.4

Се ближи крајот на животот на Зеф кој моментално го поминува во дом за стари лица, а има само уште една важна мисија која треба да ја исполни. Дали ќе успее во тоа?

4. „Enemy“

Во главните улоги: Џејк Гиленхал, Мелани Лоран, Сара Гадон

IMDb рејтинг: 6.9

Адам изнајмува филм каде треба да види личност која комплетно личи на него. Неговата желба да го пронајде својот двојник станува опсесија. Но, дали навистина има двојник?

5. „Perfect Blue“

IMDb рејтинг: 7.9

Младата пејачка Мими Киригое сонува да стане актерка и се обидува својата кариера да ја смени од музичка во филмска. Но, нејзините фанови бурно реагираат на вестите. Почнуваат чудните повици, пораки...

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 празнични филмови што ќе им бидат забавни и на возрасните Bad Santa и A Bad Moms Christmas се празнични филмови, но а разлика од повеќето,...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg