Помалку познати, но квалитетно напнати филмови кои ќе си поиграат со вашиот ум

Добро познати ни се филмовите како The Sixth Sense или Shutter Island кои добија статус на култни филмови кои ве држат во неизвесност до самиот крај.

Pomalku-poznati-no-kvalitetno-napnati-filmovi-01.jpg

Но, доколку сакате да погледнете подеднакво напнати филмови кои и не се баш толку познати, а се сепак подеднакво квалитетни, пред вас ја имате листата со предлози кои добро ќе си поиграат со вашиот ум.

Време е за филмска вечер исполнета со ментални игри:

Stay (2005)

Сем е психијатар кој добива нов пациент. Хенри е прилично нестабилен и покажува суицидни симптоми. Психијатарот го пронаоѓа неговиот претходен психотерапевт како и мајката на Хенри, иако тој тврди дека си ги убил двајцата родители.

Наскоро Сем се наоѓа вплеткан во мрежа на опасни ментални игри и полека доаѓа до причината зошто Хенри сака да се самоубие.

Inland Empire (2006)

Ники е актерка која добива улога во нов филм. Таа има љубоморен сопруг, па токму поради тоа нејзиниот филмски партнер е предупреден да не покажува никаков романтичен интерес кон неа.

Двајцата актери наскоро откриваат дека новиот филм е римејк на претходниот незавршен во кој главните актери кои ги глумеле истите улоги биле убиени.

An American Crime (2007)

Вистинска приказна за домаќинка од Индијана која во текот на ’60-тите години ќе држи заробено девојче во подрумот на својот дом и ќе се изживува врз него со цел да ја казни за нејзините гревови.

The Sinner (2017)

Овој ТВ серијал со вкупно 8 епизоди ја следи приказната на Кора. Таа е сопруга и мајка, повлечена и тивка, а еден сосема обичен ден додека е на плажа со семејството ќе избоде млад човек кого не го познава и ќе го убие.

Која е причината зад ова необјасниво злосторство?

Gerald’s Game (2017)

Џеси и Џералд се маж и жена кои сакаат да го зачинат малку својот сексуален живот. Но, она што започнува како секси игра завршува трагично.

Џеси ненамерно ја предизвикува смртта на својот сопруг и врзана со лисици за креветот почнува да слуша непознати гласови и да гледа чудни визии.

Листата продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg